Ќерката на најсмешниот човек на светот, Мистер Бин, за несреќната младост: „Бев изгубена и со растурено семејство“
- Детали
- петок, 28 март 2025
„Тешко е да се пронајдеш себеси кога немаш пријатели и имаш распаднато семејство“ - Ќерката на Роуан Аткинсон за првпат проговоре за разводот на нејзините родители и темнината од која тешко излегла, со оглед на тоа што никогаш не прифатила дека татко ѝ ги напуштил за да биде со својата љубовница.
Роуан Аткинсон, актерот кој стана препознатлив по легендарната улога на Мистер Бин, е комичар кој успева да ги насмее сите генерации.
Но, во приватниот живот, тој е многу повлечен, интелигентен човек, кој сака да се држи настрана од јавноста.
Она што е познато за неговиот семеен живот, е дека беше 24 години во брак со шминкерка на BBC, Сунатра Састри, од кој има две деца, Бенџамин и Лили.
Но, во 2015-та, актерот се најде среде скандал, кога се разведе од сопругата во рекордно судско рочиште кое траело 65 секунди, во кое морал да ѝ отстапи палата и да ѝ плати милионска сума на пари за да се спогодат.
Веднаш потоа, се дозна дека тој е во врска со британската актерка Луиз Форд, која е 26 години помлада од него, но разликата во години никогаш не им била пречка, па во 2017-та добија заедничко дете, ќерката Исла и уште уживаат во семејната идила.
Но, идилата не цвета кога станува збор за односот со неговите поголеми деца, односно со ќерката Лили.
Таа никогаш не ја прифатила одлуката на татко ѝ да ги напушти за да биде со својата љубовница, па во 2017-та дури и го променила неговото презиме и го земала мајчиното.
Сега, таа за првпат прозборе за траумата која ја доживеала и за тоа како се чувствувала во 20-тите години од животот кога се случувала семејната драма, но и како тоа влијаело на неа понатаму.
Британските медиуми пишуваат дека во онлајн изјава таа за првпат се огласила на тема разводот на родителите.
30-годишната Лили, вели дека поминала низ многу осаменост во 20-тите години од животот и откри дека ѝ било тешко да се справува со „скршеното“ семејство.
„Поминав низ многу хаос и самотија во моите 20-ти години. Сега имам 30 и можам јасно да видам каде сум била и што ми се случувало внатрешно за време на најмрачните денови.
Бев толку изгубена, a почнав да се чувствувам делумно нормално дури во доцните 20-ти години.
Секогаш бев заглавена помеѓу два света, не припаѓам тука, но не припаѓам ни таму. Тешко е да се пронајдеш себеси кога немаш пријатели, имаш распаднато семејство и немаш идеја како да продолжиш да правиш музика и се обидуваш да го сфатиш светот.
Ми требаа години за да се сфатам себеси и каде сакам да се движам во животот, како и за да станам најдобрата личност што можам да бидам.
Направив безброј грешки, бев повредена, изгубена и осамена поголем дел од времето. Уметноста беше мојата светлина која ме водеше.
Тоа е единственото нешто за што страдањето се исплатеше, додека работев на постигнување цел и сон“ - стои во изјавата која ја пренесува ексклузивно DailyMail.
Иако во младоста се пробала како бурлеска танчарка, потоа се занимавала и со пеење и глума, а сега е професионална уметница која имаше веќе и своја изложба на уметнички дела.
Прочитајте и Платил над 30 милиони за да се разведе од сопругата за 65 секунди - Како Мистер Бин ги троши милионите?
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





