Има 22 години постар сопруг и 6-месечно бебе: Доналд Трамп ја има најмладата портпаролка
- Детали
- четврток, 23 јануари 2025
Привлечната русокоса, Каролин Левит од САД, Доналд Трамп ја нарекува паметна и со неверојатни комуникациски способности.
Каролин Левит од САД, со само 27 години, стана најмладата гласноговорничка во поновата историја на Белата куќа.
Последен пат некој на оваа позиција на возраст под 30 години бил во 1969, во времето на тогашниот претседател Ричард Никсон.
Каролин била дел и од претседателската кампања на Трамп во 2016 година, но сега е прес секретарка на Белата куќа, односно ќе биде човекот од доверба на Трамп за односи со јавноста.
Во една пригода тој за неа изјави дека е паметна и со неверојатни комуникациски способности.
Каролин е во брак и го има 6-месечниот син Николас, кој често патува со неа за време на извршување на работните обврски, со кои не сопре и за време на бременоста.
Таа потекнува од семејство кое имало свој бизнис, па од најрани години била вклучена во тоа. Има одлично образование, волонтирање во политички институции, а се занимавала и со спорт за време на растењето.
Нејзиниот сопруг Николас „Ник“ Ричио е бизнисмен, кој е 22 години постар од неа и ја запросил на во 2023-та. Toj е сопственик на компанијата за недвижнии „Riccio Enterprises LLC“.