Марлон Брандо и уште 6 познати личности чии деца извршија самоубиство
- Детали
- недела, 26 јануари 2025
Синот на Шинед О’Конор, но и синот на Марина Туцаковиќ кој почина во чудни околности на само 24-годишна возраст, па се шпекулира дека извршил самоубиство.
Смртта на дете е најлошото нешто со коешто може да се соочи еден родител.
Трагедијата станува уште поголема кога причина за смртта е самоубиство.
Штом некој одлучил да посегне по својот живот, не можеме ни да замислиме каква болка чувствувал. А, кога родител ќе се соочи со самоубиство на свое дете, веројатно се обвинува и самиот.
За жал, многу родители се нашле во ваква положба.
Славни личности чии деца извршија самоубиство:
Шинед О’Конор
Животот на Шинед О’Конор беше исполнет со трагедии и страдање
Пејачката почина на само 56-годишна возраст, а околу една година претходно, во 2022-ра, нејзиниот син изврши самоубиство.
17-годишниот син на пејачката беше во болница во Ирска, каде што бил под надзор бидејќи постоел ризик да изврши самоубиство.
Но, успеал да побегне и си го одзел животот.
„Мојот убав син, светлината на мојот живот, одлучи денес да стави крај на неговите земјени страдања и сега е со Бог.
Нека почива во мир и нека никој не го следи неговиот пример. Те сакам премногу, те молам биди мирен“, гласеше емотивната изјава на пејачката.
Мајкл Медсен
Синот на актерот познат по улоги во филмови како Kill Bill и Reservoir Dogs почина на 26-годишна возраст.
Како причина за смртта беше наведено самоубиство.
Трагедијата се случи во 2022 година, а набрзо потоа актерот поднесе барање за развод, истакнувајќи дека сопругата била таа која го довела син им до работ.
Според актерот, таа го запоставувала и имала проблеми со алкохолизам, а сето ова се одразило негативно врз нивниот син.
Реџина Кинг
Во 2022-ра, синот на актерката Реџина Кинг изврши самоубиство. Тој имаше 26 години.
„Нашето семејство е очајно за загубата на Иан. Тој беше светлина која се грижеше за среќата на другите.
Нашето семејство ве моли да ја почитувате нашата приватност“, изјави актерката кога откри за трагедијата.