Марлон Брандо и уште 6 познати личности чии деца извршија самоубиство
Марлон Брандо
Ќерката на Марлон Брандо – Шејен – изврши самоубиство на 25-годишна возраст, во 1995-та, по долга битка со проблеми со менталното здравје.
Во раните 1990-ти, таа беше дијагностицирана со шизофренија, поради што го изгуби старателството над нејзиниот син.
Целата ситуација кулминира со нејзиното трагично самоубиство.
Вили Нелсон
Синот на популарниот кантри пејач од САД изврши самоубиство во 1991 година.
На денот на смртта, тој имаше 33 години, а наводно неколкуте години пред да посегне по својот живот, имал финансиски проблеми.
Зек Снајдер
Познатиот режисер има осум деца кои ги посвои со неговата прва сопруга.
Едно од нив беше ќерка му Отом која изврши самоубиство во 2017-та, на 20-годишна возраст.
Тој период режисерот работеше на филмот Justice League, но се откажа од постпродукцијата за да биде со семејството.
Марина Туцаковиќ
И Марина, која важеше за еден од најплодните текстописци од Србија, се има соочено со смрт на свое дете, иако не е официјално потврдено дека станува збор за самоубиство.
Во 2008 година, почина нејзиниот 24-годишен син. Марина само еднаш зборуваше за неговата смрт и истакна дека не ја интересирале резултатите од обдукцијата.
Но, бидејќи на телото немало знаци на насилство и син ѝ бил млад и здрав, се шпекулираше дека извршил самоубиство.
Во 2022 година почина и другиот нејзин син, и тоа во Израел.
Како причина се наведуваше предозирање со дрога, но не е познато дали намерно.
фото: Википедија
Спирова С. | Црнобело