Бен Афлек „скиснат“ по финализирањето на разводот: Џеј Ло не му го враќа прстенот од 5 милиони долари (фото)
- Детали
- среда, 08 јануари 2025
Бен Афлек и Џеј Ло, кои се венчаа без предбрачен договор, направија спогодба за поделбата на парите и имотот, и само чекаат потпис од судија за и официјално да го финализираат разводот. Иако ќе си ги задржат парите што ги заработиле, Џеј Ло нема да му го врати свршеничкиот прстен на Бен.
Во август 2024-та, Џеј Ло поднесе барање за развод од Бен Афлек.
Парот немаше предбрачен договор, па беше нејасно како ќе ги поделат парите, но и заедничкиот имот што го купија додека беа заедно.
Сега, околу пет месеци подоцна, тие направиле спогодба.
За целата постапка користеле медијатор и иако спогодбата е финална, разводот официјално ќе биде финализиран во февруари годинава.
И Бен и Џеј Ло ќе си ги задржат парите што ги заработиле додека биле заедно, а ниту еден од нив не е должен да му исплаќа алиментација на другиот.
Не е познато што одлучиле во врска со куќата која вреди 61 милион долари која ја купија заедно, но според изворите и за ова постигнале договор.
Се шпекулира дека најверојатно ќе ги поделат парите откако ќе ја продадат.
Иако секој ќе го добие она што е негово, Џеј Ло сепак нема да му го врати свршеничкиот прстен на Бен кој чини дури пет милиони долари.
Наводно, таа ќе го задржела целиот накит што ѝ ги подарил Бен додека биле заедно.
Откако разводот ќе се официјализира, Џенифер ќе се ослободи од презимето на актерот, односно наместо Афлек, ќе го користи своето - Лопез.
Иако наводно и актерот и пејачката биле задоволни од постигнатиот договор, Бен не изгледаше најсреќно кога беше забележан од папараците по финализирањето.
Актерот беше фотографиран во вторникот (07.01) во неговиот автомобил.
И, изгледаше навистина намуртено.
Засега ни тој ни Џеј Ло се немаат огласено за финализирањето, но кога ќе се земе предвид приватноста на Бен, поверојатно е дека нема да каже ништо.
Спирова С. | Црнобело