„Мајка ми постојано беше бремена, а јас се грижев за децата“: Факти за Сузан Сарандон (што сигурно не сте ги знаеле)
- Детали
- понеделник, 06 јануари 2025
Сузан морала сама да се грижи за многуте браќа и сестри бидејќи мајка постојано била бремена и преморена...
Сузан Сарандон се прослави со американските сапуници, но се истакна и како сериозна актерка во Холивуд
На 78-годишна возраст, може да се пофали со импресивна кариера, како и бројни филмски награди вклучувајќи и девет Златни глобуси.
Сузан е една од актерките која отворено зборува за предизвиците на жените во Холивуд и иако некогаш ова ѝ создало проблеми, дефинитивно ѝ го зголеми бројот на фанови.
А, и самата актерка се соочила со низа проблеми кои ја натерале да биде гласна за овие проблеми.
Неколку (тажни) детали од животот на Сузан Сарандон:
Имала тешко детство
Сузан Сарандон пораснала во прилично хаотичен дом со осум браќа и сестри за кои самата морала да се грижи.
А, актерката има изјавено дека мајка ѝ постојано била бремена.
„Мајка ми постојано раѓаше бебиња, некои умираа, некогаш имаше и спонтани абортуси…“
Истовремено, Сузан не знаела ништо за семејството на мајка ѝ и не знаела ни која ѝ е баба.
Дури откако наполнила 60 години, Сузан дознала нешто повеќе за нејзиното потекло.
Таа дознала дека баба ѝ, која потекнувала од Италија, имала само 13 години кога првпат останала бремена и се венчала.
Во голема мера, животот и бил нестабилен и несреќен и починала во Њујорк.
Не сакала да се венча со првиот сопруг
Сузан првпат стапила во брак со 1967 година со актерот Крис Сарандон.
Тогаш ни таа ни Крис ја немале почнато актерката кариера, а биле колеги на католички универзитет, каде што и се запознале.
Биле во врска неколку години, и откако наполниле 20, стапиле во брак.
А, причината била бидејќи им било страв дека ќе ги избркаат од универзитетот ако се само пар кој не е во брак.
По десетина години, откако завршиле факултет и се пробиле во Холивуд, се развеле, но до денес се добри пријатели.
Всушност, Сузан и до денес го има здржано презимето на првиот сопруг.