„Мајка ми постојано беше бремена, а јас се грижев за децата“: Факти за Сузан Сарандон (што сигурно не сте ги знаеле)

Се соочила со полова дискриминација уште на почетокот на кариерата

Денес актерките отворено зборуваат за дискриминацијата, па и малтретирањето што ги имаат преживеано во Холивуд.

Кариерата на Сузан почнала долго пред актерките да добијат глас, па и самата била жртва.

Дури денес актерката почна да зборува за фактот дека секогаш ѝ нуделе помала плата од машките колеги, дури и кога таа била главниот лик.

majka-mi-postojano-beshe-bremena-a-jas-se-grizhev-za-decata-fakti-za-suzan-sarandon-shto-sigurno-ne-ste-gi-znaele-.JPG

Притоа, кариерата секогаш „ѝ висела на конец“ бидејќи никој не сакал да најмува актерки кои остареле барем малку.

Суптилно, Сузан има спомнато и дека експлоатацијата, некогаш и сексуална, била честа појава и дека ова е нешто што не се променило многу.

„Ние, жените во Холивуд, не сакаме да бидеме експлоатирани и да имаме луѓе како Харви Вајнштајн од кои ни зависи кариерата“.

majka-mi-postojano-beshe-bremena-a-jas-se-grizhev-za-decata-fakti-za-suzan-sarandon-shto-sigurno-ne-ste-gi-znaele-6.JPG

Беше банирана од Оскари бидејќи сподели свое мислење

Сузан нема „влакна на јазикот“, особено кога станува збор за проблематични теми.

Во 1993 година, Сузан презентираше награда на Оскарите и ја искористи можноста да зборува за ХИВ позитивни бегалци кои биле затворени во Гуантанамо Беј – еден од најозлогласените затвори во светот кој се наоѓа во Куба, а е во сопственост на САД.

majka-mi-postojano-beshe-bremena-a-jas-se-grizhev-za-decata-fakti-za-suzan-sarandon-shto-sigurno-ne-ste-gi-znaele-08.JPG

Во говорот, таа ги замоли надлежните да не ги третираат ХИВ позитивните бегалци како криминалци.

Актерката доби аплауз од публиката, но организаторите привремено ја банираа од Оскарите.

majka-mi-postojano-beshe-bremena-a-jas-se-grizhev-za-decata-fakti-za-suzan-sarandon-shto-sigurno-ne-ste-gi-znaele-7.JPG

По две децении, се раздели од љубовта на нејзиниот живот

Сузан Сарандон и Тим Робинс беа заедно повеќе од две децении, и иако важеа за еден од најсреќните парови, сепак се разделија.

Тие се запознаа на сетот на Bull Durham, почнаа врска и околу една година подоцна, добија дете.

Добија и уште две деца, но никогаш не се венчаа.

Иако беа среќни, сепак, во 2009-та се разделија.

majka-mi-postojano-beshe-bremena-a-jas-se-grizhev-za-decata-fakti-za-suzan-sarandon-shto-sigurno-ne-ste-gi-znaele-0.JPG

„Пробувавме да одржиме некаков статус-кво, но тоа не функционира, бидејќи не можеме да контролираме некој друг.

Водевме битка која знаеме дека ја губиме“, изјави актерката.

Таа истакна и дека врската со колега е особено тешка, посебно кога имаат и деца.

majka-mi-postojano-beshe-bremena-a-jas-se-grizhev-za-decata-fakti-za-suzan-sarandon-shto-sigurno-ne-ste-gi-znaele-11.JPG

Го изгуби брат ѝ

Во 2016-та, на само 55-годишна возраст, почина едниот од браќата на Сузан од инфаркт.

Неговата смрт била особено тешка за Сузан бидејќи, како што веќе спомнавме, таа сама се грижела за нејзините браќа и сестри и практично им била како мајка.

majka-mi-postojano-beshe-bremena-a-jas-se-grizhev-za-decata-fakti-za-suzan-sarandon-shto-sigurno-ne-ste-gi-znaele-2.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg