Вера Ванг изгледа како млада девојка на 75 години - прослави Божиќ со раскошна забава во виолетово
- Детали
- четврток, 26 декември 2024
На забавата, познатата дизајнерка носеше виолетова креација, во која ги истакна нозете и витката фигура, а просторијата беше украсена со 8 виолетови елки.
Вера Ванг, која е една од најпознатите светски креаторки на венчаници, повторно воодушеви и со изгледот и со стилот.
Таа направи раскошна божиќна вечера во виолетово и преку Инстаграм сподели дел од атмосферата на забавата.
Иако има 75 години, дизајнерката изгледа како млада девојка, и барем двојно помлада од своите години.
На забавата Ванг носеше виолетова креација, во која ги истакна нозете и витката фигура.
Фустанот е комбинација од црно боди и долен дел кој е краток однапред, а има долг, набран плашт одзади.
На фустанот е испишан и зборот „Божиќ“ (X-mas).
На една од фотките, со Ванг позираат и две девојки, кои се исто така облечени во виолетови фустани, а се креации на славната дизајнерка.
Бидејќи темата на забавата е „Виолетово“, во просторијата има и 8 виолетови елки, виолетова е и тортата, но и орхидеите кои се поставени на масата за гости.
Погледнете повеќе фотографии од раскошната божиќна забава на една од најбогатите светски модни креаторки:
А. Ј. | Црнобело