Бургери, крофни и напорна работа: Вера Ванг откри како се одржува во топ форма на 74 години
- Детали
- недела, 29 октомври 2023
„Јадам бургери секој ден, а јадам и крофни“ – призна Вера Ванг, која во 74-тата година од животот изгледа неверојатно, па заради тоа често ѝ го поставуваат прашањето која е нејзината тајна.
Модната дизајнерка Вера Ванг неодамна се појави на една гала вечер во Њујорк, а привлече внимание благодарение на нејзиниот младешки изглед во црниот впечатлив аутфит во кој се појави.
На прашањето дали нејзиниот изглед се должи на тоа што се воздржува од одреден вид храна, Вера одговори:
„Јадам сендвичи од Мекдоналдс, ги нарачувам секој ден, во период од некои две недели, па потоа ќе сменам нешто друго“ – изјави таа.
Освен тоа познатата модна дизаjнерка призна дека сендвичите и бургерите од Мекдоналдс не се единствената висококалорична храна што редовно ја консумира, туку и дека редовно јаде крофни.
„Ги сакам крофните што се полни со крем, прекриени со шеќер. Наликуваат на крофни со желе, но внатре имаат крем од ванила. Ги сакам и оние со розови трошки исто така“ – призна Вера.
Инаку, модната дизајнерка со години наназад привлекува внимание со својот изглед, затоа што речиси на никој не му се верува дека е веќе навлезена во осмата деценија во животот.
Во 2020-тата година ја прашаа кои се нејзините тајни со кои му одолева на стареењето, на што таа одговори:
„Работа, добар сон, коктел со вотка и не изложување на сонце“.
Сега таа повторно нагласи дека тајната e во тоа што работи многу напорно.
„Всушност јас работев целиот мој живот, па така сѐ се сведува околу работата. Сметам дека работата те одржува млад и ти дава стимул.
Јас работам долго во денот, успеав да изгледам две ќерки и сметам дека големиот број обврски се најдобар извор на добро здравје“ – рече таа.
Прочитајте и Ја натерале да се омажи за да не остане сама, позната е и по тоа што „не старее“ и на 70 години – Факти за Вера Ванг
Уште неколку фотки од Вера во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело