Ралф Лорен, Мајкл Корс – Кои се најбогатите модни дизајнери во светот?
Со богатство од дури 13,8 милијарди долари, Ралф Лорен важи за најбогатиот моден дизајнер во светот.
Парче облека од познатите луксузни брендови чини мало богатство, па не е изненадување што дизајнерите што стојат зад нив се милионери, па и милијардери.
Кои се најбогатите од дизајнерката фела?
Донатела Версаче – 400 милиони долари
Денес Донатела е на чело на модната куќата Versace која е основана од брат ѝ Џани Версаче.
Донатела помогнала многу во развојот на брендот, а ја наследи позицијата на брат ѝ во 1997-ма, по неговата смрт.
Денес е една од најбогатите модни дизајнерки со богатство од речиси половина милијарда долари.
Вера Ванг – 500 милиони долари
Вера Ванг најпрво почнала да гради кариера во уметничко лизгање.
Кога влегла во светот на модата, прво работела за Ралф Лорен и Vogue.
Потоа, во 1990 година, ја отвора својата прва продавница за венчаници кои денес се нејзин заштитен знак.
Богатството на Вера се проценува на половина милијарда долари.
Келвин Клајн – 650 милиони долари
Дизајнерот ја лансира истоимената компанија во 1968 година, почнувајќи со колекција фармерки.
Низ годините, го прошири асортиманот и на парфеми, часовници и накит и денес неговото богатство се проценува на околу 650 милиони долари.
Мајкл Корс – 1 милијарда долари
Кога првпат лансирал колекција со името на неговиот бренд, Мајкл Корс се соочил со неуспех.
Се вратил на нозе неколку години подоцна, во 1997-ма, откако ја спуштил цената на облеката.
Пред целосно да се посвети на неговиот бренд, тој работеше како дизајнер за француската модна куќа Celine.
Со својот бренд се фокусираше на женска облека, a во 2002 почна да прави и машка и денес вреди околу една милијарда долари.
Тори Бурч – 1,1 милијарди долари
Дизајнерката Тори стои зад брендот Tory Burch LLC, а кариерата во модната индустрија ја почнала работејќи за дизајнер од поранешна Југославија.
Пред да го лансира својот бренд, има соработувано и со дизајнери како Вера Ванг.
Нејзиниот бренд постои од 2004 година и на Тори ѝ донесе богатство од околу 1 милијарда долари.
Истовремено, Forbes ја прогласи за една од 100-те најмоќни жени во светот во 2020 година.
Валентино Гаравани – 1,5 милијарди долари
Валентино е основач на брендот што го носи неговото име.
Првиот успех го забележал во Фиренца во 1960-тите кога го основал и својот бренд.
Денес неговото богатство се проценува на 1,5 милијарди долари.
Том Форд – 2.2 милијарди долари
Том Форд е основач на брендот што го носи неговото име, а истовремено е и режисер и сценарист.
Пред лансирањето на Tom Ford, тој беше креативен директор во Gucci и Yves Saint Laurent.
Во филмската индустрија, пак, го имаше своето режисерско деби со филмот A Single Man од 2009-та, додека во 2016-та го сними и Nocturnal Animals.
Денес дизајнерот и режисер „тежи“ над две милијарди долари.
Доменико Долче и Стефано Габана – 2,5 милијарди долари
Доменико и Стефано се основачи на модната куќа Dolce & Gabbana која важи за една од највлијателните во светот на модата.
Се запознале во 1980-та, а само две годи подоцна го лансирале брендот.
Богатството и на двајцата се проценува на околу две и пол милијарди долари.
Мјуча Прада – 6,2 милијарди долари
Мјуча денес е на чело на брендот Prada кој е основан од нејзиниот дедо Марио Прада.
Истовремено, таа е основач и на брендот Miu Miu.
Мјуча ја води модната куќа од 1978 година, а нејзиното богатство се проценува на околу шест милијарди долари.
Џорџо Армани – 11,4 милијарди долари
Армани е едно од најпрепознатливите имиња во светот на модата.
Пред да го лансира својот бренд во 1975 година, Џорџо соработувал со неколку познати дизајнери.
Денес важи за еден од најбогатите луѓе на планетата, со богатство од околу 11,4 милијарди долари.
Ралф Лорен – 13,8 милијарда долари
Засега Ралф Лорен ја носи титулата најбогат моден дизајнер о светот.
Го основа истоимениот бренд во 1967 година, а се прослави благодарение на поло маичките.
Неговото богатство се проценува на скоро 14 милијарди долари.
Спирова С. | Црнобело