Џастин Балдони за првпат се шета со сопругата - откако Блејк Лајвли го обвини за сексуално вознемирување
- Детали
- вторник, 24 декември 2024
Тој ја нарекуваше сопругата „магична“ и постојано објавуваа фотки од семејната идила со нивните две деца, но сега Џастин и Емили Балдони изгледаат тензично, откако тој доби сериозни обвиненија од Блејк Лајвли.
Драмата меѓу Блејк Лајвли и режисерот на филмот It Ends With Us, Џастин Балдони, кулминираше со тужба од страна на актерката, која го обвини за сексуално вознемирување, кое вклучува зборување за неговата зависност од порнофилмови и давање коментари со сексуална конотација за Блејк, но и сите од филмската екипа.
Џастин Бладони за првпат е фотографиран по тужбата, како се шета со сопругата Емили Балдони во Беверли Хилс.
Парот, кој стапи во брак по две години состанување во јули 2013-та година, има деца на возраст од 9 и 7 години.
Тие изгледаат тензично, за разлика од среќните фотографии кои ги имаат на социјалните мрежи, пред настанот.
Џастин имаше навика дури и да објавува фотки само од неговата сопруга со опис од типот на: „Магична“.
Сега, и покрај обвинувањата Емили очигледно останува како поддршка на Џастин.
Џастин Балдони со сопругата некогаш:
Нови фотографии од Балдони и сопругата:
С. С. | Црнобело