Опседнат е со порнографија, најмил ПР агенција за да ја „уништи“ Блејк Лајвли: Факти за Џастин Балдони
- Детали
- сабота, 28 декември 2024
Џастин Балдони има изјавено дека пред 15-тина години, бил присилен на секс од неговата тогашна девојка, иако сакал да се чува за брак. Има изјавено и дека бил зависен од филмови за возрасни.
Пред драмата со филмот It Ends With Us и тужбата од Блејк Лајвли, ретко кој имаше слушнато за режисерот Џастин Балдони.
Тој ја почна кариерата како актер и генерално нема многу импресивно портфолио, но сега е една од најзборуваните личности од светот на шоу-бизнисот.
А, на виделина почнаа да излегуваат и разни детали од неговото минато.
Неколку факти за Џастин Балдони:
Работел како диџеј
Џастин бил роден во Калифорнија, но пораснал во Орегон.
Во средно работел како диџеј, а бидејќи играл и фудбал, успеал да добие стипендија за California State University.
Сепак, се откажал од студиите и почнал да се фокусира на актерската кариера, откако запознал менаџер кој му рекол дека има талент.
Актерското деби му беше во сапуница
Првата улога на Џастин е во американската сапуница The Young and the Restless од 2004 година.
Потоа режираше музички спот кој доби награда, а сними и Јутјуб документарец кој беше еден од најгледаните на платформата.
Имаше улога и во сатиричната сапуница Jane the Virgin.
Неговиот последен проект е It Ends With Us каде се потпишува како режисер, но и ја има една од главните улоги во филмот.
Бил зависен од порно филмови
Во својата тужба, Блејк Лајвли наведе дека Џастин ѝ зборувал за неговата зависност од порнофилмови. Па, јавноста веднаш ги „ископа“ неговите стари изјави за овој проблем.
Тој зборува за зависноста во интервју од 2021 година.
„Првпат изгледав порно филм кога имав 10 години. Тоа беше долго пред да ја добијам првата ерекција или да ми биде јасно што чувствувам.
Бев како секое момче кое првпат гледа женски гради… И, потоа хормоните почнуваат да работат“.
Потоа, режисерот додава дека почнал да гледа порнографска содржина секогаш кога се чувствувал лошо.
„Сфатив дека во текот на животот, секогаш гледав фотографии и видеа од голи жени кога се чувствував лошо. И, тогаш ми стана јасно дека тоа е проблем“.
Наводно, тој ја надминал зависноста, но Блејк Лајвли тврди дека ѝ зборувал за ова, па дури и дека ѝ покажувал фотографии и видеа од голи жени без нејзина дозвола.
Бил сексуално злоупотребен од бивша девојка
Неодамна, Џастин изјави дека додека бил во врска со колешка, практично бил силуван.
„Ми беше тешко да се помирам дека можам да бидам искористен со жена. Ќе се борам со оваа траума целиот живот бидејќи во мојата глава, маж не може да има сексуална траума од жена.
Општеството ме натерало да мислам така, дека само жените можат да бидат жртви. Цели 15 години пробував да се убедам дека не ми се случило тоа“.
Тој додава и дека сакал да се чува за брак.
Блејк, пак, вели дека таа била негова жртва на сексуално вознемирување бидејќи пробувал да ѝ влезе во собата додека се облекува, ја допирал без нејзина дозвола и во сценариото на филмот додавал секс сцени на кои актерката не се согласила.
А, додека ги снимал овие сцени, преминувал граници.