Ријана пресреќна на концерт на Мараја Кери – доби автограм на градата, му „тверка“ на дечко ѝ (видео)
- Детали
- четврток, 19 декември 2024
На последниот концерт од божиќната турнеја на Мараја Кери, во публиката беше и Ријана која си доби автограм од омилената пејачка, и тоа на нејзината града. Од видеата од концертот, очигледно е дека Ријана си поминала прекрасно - постојано танцува, пее на сите песни, а во еден миг и му „тверкаше“ на Ејсап Роки.
Од ноември, Мараја Кери беше на божиќна турнеја низ САД која заврши во вторникот (17.12).
Помеѓу бројните фанови, последниот концерт го следеше и Ријана, а со Мараја имаа интересен момент.
На видео кое масовно се споделува онлајн, се гледа Мараја која им се приближува на фановите во првиот ред, а меѓу нив е и Ријана.
Мараја има широка насмевка на лицето кога ја здогледува колешката.
Ријана, пак, ѝ вели дека ѝ треба автограм и прашува дали некој има маркер.
Кога еден маж, веројатно од обезбедување, ѝ дава маркер на Мараја, Ријана вели:
„Потпиши ми се на градата“.
Додека таа се потпишува, Ријана ѝ го зема микрофонот и најавува дека Мараја Кери ѝ дава автограм на градата, по што почнуваат да се слушаат извици од публиката.
На крај пејачките се прегрнуваат, а Ријана ѝ вели на колешката дека ја сака.
На социјалните мрежи, фановите на пејачките го коментираат моментот и истакнуваат дека ја разбираат радоста на Ријана.
„Има иста енергија како женски тоалет во дискотека“.
„Девојки кои се поддржуваат една со друга!“
„Имаат ’женски момент‘ и сите ги слушаат“.
„Ријана е огромен фан и како да заборава дека е Ријана“.
„Кралици, ги сакам и двете“.
Погледнете го видеото:
Според останатите видеа од концертот, јасно е дека Ријана си поминала одлично:
Спирова С. | Црнобело