Некогашната српска снаа кажа „да“ вторпат во животот - Адријана Лима се омажи тајно
- Детали
- среда, 18 декември 2024
Адриjана Лима со фотографиja од бурми и песочен пејзаж во позадина откри дека стапила во брак со саканиот Андре Лемерс.
Една од најубавите жени на светот и некогашна сопруга на српскиот кошаркар Марко Јариќ, Адриjана Лима се омажи вторпат, во тајност со партнерот Андре Лемерс.
Адријана Лима и Марко Јариќ
Aдријана Лима и Марко Јариќ
Таа ја објави среќната вест на Инстаграм со фотографија од нивните бурми, на која до израз доаѓа и нејзиниот свршенички прстен со огромен дијамант.
„Официјално Лима Лемерс“, напиша моделот и се пофали со новото презиме.
Во позадина има пејзаж со песок, но Лима не ја открива дестинацијата на венчавката.
Љубовната врска помеѓу Адриjана и Андре стана јавна во 2021 година, кога првпат се појавија заедно на настан.
Во меѓувреме парот доби син во 2022 година. Лима веќе има две ќерки од бракот со Марко Јариќ, а син и ќерка има и Лемерс од претходната врска.
Бракот сега е само круна на нивната љубов.
Повеќе фотографии од парот:
С. С. | Црнобело