Некогашната „Млада бунтовничка“, Луисана Лопилато, блеска на плажа - по 4 породувања и борбата на синот со ракот
- Детали
- четврток, 16 јануари 2025
Повторно фит, повторно природна насмеана убавица, како што ја паметиме од времето на „Млади бунтовници“. Како изгледа „Миа Колучи“ денес?
Серијата „Млади бунтовници“ постигна огромен успех и надвор од границите на Аргентина, а беше вистински хит и во Македонија.
Добро се сеќавате на ликовите, зарем не?
Еден од највпечатливите беше ликот на Миа Колучи, кој го глумеше Луисана Лопилато.
Таа, потоа се омажи за канадскиот пејач Мајкл Бубле.
Парот има 4 деца, а зад нив ги оставија тешките мигови кога нивниот најстар син Ноа (11) се бореше со ракот. Тој доби дијагноза рак на белите дробови во 2016 година. Ноа сега е во ремисија.
Луисана на својот Инстаграм профил објави фотографии од одморот со 4-те деца на почетокот од 2025-та, на кои изгледа совршено како што ја паметиме од времето на „Млади бунтовници“.
Со синот Ноа
И фит и со прекрасно лице, без грам шминка, само со насмевката како моден додаток, таа блеска.
Повеќе фотографии од летниот одмор на Луисана:
Прочитајте и Глуми од 6 години, има 4 деца: Факти од животот на некогашната млада бунтовничка, Луисана Лопилато
С. С. | Црнобело