Џастин Бибер „погоден“ од свршувачката на Селена Гомез со неговиот поранешен пријател: „Не му е сеедно“
- Детали
- среда, 18 декември 2024
„Иако никогаш нема да бидат пријатели или да бидат во врска, според Џастин, свршувачката на Селена означи крај на една ера“, вели извор близок до пејачот. Џастин и свршеникот на Селена имаат соработувано на неколку песни, а беа и блиски пријатели.
Џастин Бибер се нема огласено и веројатно нема ни да се огласи за свршувачката на бившата девојка Селена Гомез.
Сепак, извор близок до пејачот вели дека иако е среќен за неа, сепак не му е ни сеедно.
Селена Гомез откри дека се свршила со продуцентот Бени Бланко минатата недела.
Но, наводно, свршувачката се случила уште во август, а Селена не сакала да открива ништо бидејќи тогаш Џастин и сопругата Хејли добија дете.
„Се свршија во август, но Селена не сакаше нејзината свршувачка да биде поврзувана со Џастин.
Таа знаеше дека фановите на пејачот ќе ја обвинат дека пробува да го украде вниманието од неговото дете или дека некои ќе шпекулираат дека ја објавила свршувачката за да му се одмазди“, вели извор за Daily Mail.
Сега, пак, извор близок до Џастин открива што мисли пејачот за свршувачката на Селена.
„Џастин е во брак и има дете.
Сите го знаеме тоа, но кога слушна дека Селена се свршила, за момент вестите го погодија.
Бидејќи, иако никогаш нема да бидат пријатели или партнери или што било слично, свршувачката како да означи крај на една ера“.
Џастин и Селена раскинаа во 2018 година и оттогаш речиси и да не се во контакт.
„Неговото минато е поврзано со Селена и, сега, кога таа е свршена, а тој е во брак и има дете, малку е во шок што сите растат, стануваат постари.
Џастин има само 30 години, но има проживеано многу.
Сега (со свршувачката на Селена) важен дел од неговото минато заврши. Но, нема премногу да мисли на тоа и се надева дека таа е добра и среќна“.
Изворот додава дека иако на Џастин не му е сеедно, се надева дека сега јавноста конечно ќе престане да зборува за него и за Селена.
„Се надева дека фановите ќе престанат да се присетуваат на нивната врска. Тие не се заедно и време е да се стави крај“.
Инаку, Џастин Бибер и вереникот на Селена – Бени – имаат соработувано на неколку песни, почнувајќи уште во 2010 година.
Бени работи како музички продуцент, а се потпишува и како автор на неколку од песните на Џастин.
Неговиот однос со Џастин не бил само професионален, туку биле и мошне блиски, особено на почетокот од кариерата на Џастин.
Според некои извори, се оддалечиле откако Бени почнал да се гледа со Селена.
„Џастин беше навреден од тоа што Бени го отсече од својот живот кога почна да се гледа со Селена.
Беа многу блиски пријатели, па ова беше голем шок за Џастин“, вели извор за In Touch Weekly.
Наводно Џастин сакал да го подобри односот со Бени, но безуспешно.
Спирова С. | Црнобело