Како изгледала Лорен Санчез пред да ги направи естетските операции платени со милијардите на Џеф Безос?
- Детали
- понеделник, 04 ноември 2024
Свршеницата на Џеф Безос, Лорен Санчез со години наназад често е тема на разговор заради видливата промена на лицето, а многумина коментираат дека по врската со милијардерот, таа наместо да се разубави, се унаказила со големиот број естетски операции…
Свршеницата на Џеф Безос, Лорен Санчез (54) во младоста била вистинска убавица, но со текот на годината се обидувала да направи естетски корекции и да ги прикрие знаците на стареењето.
Како изгледала таа некогаш, а како изгледа сега?
„Ако ова се случува кога ќе добиеш милијарди, подобро е да сум без пари“ – се шегуваат дел од твитерџиите за видливите промени на лицето на свршеницата на Џеф Безос, Лорен Санчез.
Lauren Sanchez before Bezos $$$ and after - if that’s what money buys, I’ll stay broke pic.twitter.com/r2PPjyBsjv
— LL (@LucyLoops56) May 14, 2024
Лорен Санчез отсекогаш сакала да работи како презентерка на телевизија, но заради борбата со дислексија, се откажала од својот сон и почнала да бара работа како стјуардеса во Лос Анџелес.
Таа потекнува од сиромашно семејство во Ново Мексико, а верувала дека работата како стјуардеса ќе ѝ помогне да напредува.
Аплицирала за работното место, но била разочарана кога дознала дека не ја примиле затоа што била премногу дебела, иако тежела само 55 kg.
Ова ја натерало пак да се врати на сонот да почне да работи како презентерка, па прво почнала да води вести во неколку помали новинарски станици, по што успеала да игради блескава кариера.
Благодарение на работата во медиумите, Лорен почнала да се движи во кругот на богатите и славните, но стана позната низ целиот свет во 2019-та година, откако се дозна за нејзината афера со Џеф Безос, кој во тој период сè уште беше во брак со Мекензи Скот.
Заради аферата, Џеф се разведе од сопругата, а и Лорен се разведе од сопругот, по што всушност започна и драстичната промена во изгледот кај неа.
Пластичниот хирург Гери Линков објави видео на Јутјуб, во кое се обиде да ги издвои сите естетски процедури што таа ги направила.
Првата разлика што тој ја забележа на фотографиите од младоста, е дека таа во извесен период најверојатно направила операција на носот.
Тој исто така забележува дека на возраст од 33 години, Лорен најверојатно веќе почнала да става ботокс за да ја спречи појавата на брчки, но и импланти во образите за да ги нагласи јаболчниците.
Уште тогаш веќе има знаци дека направила операции за зголемување на усните, и ставила импланти на вилицата за да има понагласени коски на лицето.
Забележително е дека најверојатно направила и операција за фејслифтинг, односно затегнување на кожата на лицето и поткревање на веѓите.
Според него, ако се собере вкупната сума на сите процедури што таа ги издвоила за да се разубави, веројатно е дека платила околу 390.000 долари.
Многумина се сложни дека Лорен била вистинска убавица во минатото и не им е јасно зошто си ја унаказила убавината со пластика, а промените на нејзиното лице се највидливи откако ја започнала врската со основачот на Amazon.
Прочитајте и Го „разведе“ најбогатиот човек - Факти за Лорен Санчез, девојката на Џеф Безос
Б. С. Б. | Црнобело