Го „разведе“ најбогатиот човек - Факти за Лорен Санчез, девојката на Џеф Безос
Лорен Санчез не е само девојка на најбогатиот човек во светот. Оваа 50-годишна жена можеби има скромно потекло, но има листа со достигнувања и успеси на која би позавидел секој.
Лорен и Џеф Безос се заедно откако милијардерот се раздели со сопругата Мекензи Безос минатата година. Некој период имаше гласини и дека можеби се верени, но парот нема потврдено ништо.
Во продолжение дознајте нешто повеќе за оваа жена:
Има долга кариера како водител и новинар
Лорен ја започнала водителската кариера како практикант во една станица во Лос Анџелес. Тој период таа учела и на Универзитетот во Јужна Калифорнија.
Лорен била спикер на неколку канали за вести, вклучувајќи и некои од најпознатите во САД.
Таа е лиценциран пилот
Лорен има дозвола за летање хеликоптер и авион. Според изворите, таа научила да лета додека работела како спикер. Прво научила да лета авион, во 2011-та, а дозволата за хеликоптер ја добила малку подоцна, во 2016-та.
Наводно, нејзиниот интерес за авијација се родил уште од многу рана возраст – татко ѝ бил инструктор по летање.
„Секогаш бев околу авиони додека растев, но тогаш не знаев ништо за летањето“, има изјавено таа.
Има нејзина компанија за „воздушно“ снимање
Во 2016-та, Лорен ја основала Black Ops Aviation. Ова е компанија со која управуваат само жени, и која изработува видеа снимени од воздух. Досега компанијата има снимено материјал за Amazon, Netflix, Fox и многу други.
Благодарение на искуството со правење вакви видеа, режисерот Кристофер Нолан се консултирал со неа за филмот „Dunkirk“.