Најсмешните мемиња и твитови за разводот на Џеј Ло и Бен Афлек

„Уште два разводи на Бен Афлек и Џенифер Лопез и оп Нова Година, ене кај е“ - македонските, но и твитерџиите од цел свет, разводот на Џеј Ло и Бен Афлек е само уште една тема за која смислуваат шеги, во кои главна мета е пејачката. 

najsmeshnite-meminja-i-tvitovi-za-razvodot-na-djej-lo-i-ben-aflek-01.jpg

Откако со месеци се ширеа гласини и многу знаци упатуваа на тоа дека згасна големата љубов помеѓу Џенифер Лопез и Бен Афлек, вчера пејачката конечно поднесе документи за развод

Разводот на „највљубениот“ пар сега е топ тема, но очигледно сите го очекуваа и никој не е изненаден од исходот на нивната комплицирана љубовна приказна. 

Прочитајте повеќе: Пред 20 години откажаа свадба, сега разводот е неизбежен – Комплицираната љубовна приказна на Бен Афлек и Џеј Ло

Освен тоа што по нивните постапки и однесување беше јасно дека е крај, многумина од Џеј Ло не очекуваа долго да издржи во брак, водејќи се по нејзината историја

И иако за нив не е смешно, а од сите овие случувања страдаат децата, сепак твитерџиите „не ѝ простуваат“ на Џеј Ло и се креативни на тема нивниот развод.  

Издвојуваме неколку твитови:

„Колекцијата на камења на бесконечноста на Џеј Ло“

„Џеј Ло собира прстени како Танос“

„Уште два разводи на Бен Афлек и Џенифер Лопез и оп Нова Година, ене кај е“.

„Џенифер Лопез и Бен Афлек сигурно решиле дека ќе се разведуваат на денот кога ова видео се појави...“

„Ќе се венчаат и ќе се разведат пак за 20 години“

„Џеј Ло се разведува од мажи уште откако бев во градинка... Сега се разведува од мојот Бетмен“

„Една работа за Џеј Ло, таа ќе си замине! Ќе го откачи дечкото и ќе си најде друг до понеделник наутро и ќе се фали со него по таблоиди, социјални мрежи и вести. Нема да биде сама“.

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...
Џеј Зи насмеано позира со Бијонсе и ќерка му, откако доби тужба за силување + морничавите контроверз... Додека Џеј Зи се соочува со тужба за силување 13-годишно девојче, со семејството...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg