Ријана горда на облините по бременоста – блесна во раскошен костим од кристали на карневал во Барбадос (фото)
- Детали
- вторник, 06 август 2024
Првпат по 2019 година, Ријана присуствуваше на традиционалниот карневал во родната земја и се појави со костим од кристали кој едвај ѝ го покрива телото, гордо покажувајќи ги облините по бременоста.
Периодов Ријана е во родниот Барбадос каде што како скоро секоја година, присуствуваше на карневалот познат како Crop Over Carnival.
36-годишната пејачка редовно го посетува традиционалниот карневал во родната земја, но поради двете бремености и пандемијата, немаше учествувано уште од 2019 година.
Со костим со кристали кој едвај ѝ го покрива телото и раскошни крилја, годинава Ријана гордо ги покажа облините.
Костимот на пејачката беше дополнет со впечатлив украс на главата.
Кон крајот на јули, Ријана сподели видео на Инстаграм со кое изјави дека не планира да слабее по бременоста.
Во видеото, таа носи кратко здолниште со широка сина кошула и црни патики. Во еден миг го крена здолништето и ја покажа црната долна облека.
„Бидејќи до следното лето сигурно нема да имам стомачни, целта ова лето ми е да носам чевли што ми се во тон со долната облека“, стои во описот.
Повеќе фотки од Ријана на карневалот во Барбадос:
Спирова С. | Црнобело