Едвај ги издржува последните денови од 4-тата бременост – Хилари Даф без градник и отечена, чека да се породи

„Не ме прашувајте кога ќе се породам. Нема некој што повеќе го сака тоа од мене. Деновите се долги и непријатни“ – напиша Хилари Даф откако беше забележана во последните денови од 4-тата бременост.

edvaj-gi-izdrzhuva-poslednite-denovi-od-4-tata-bremenost-hilari-daf-bez-gradnik-otechena-i-trpelivo-cheka-da-se-porodi-001.jpg

Актерката Хилари Даф го очекува своето четврто дете, а трето со сопругот Метју Кома и во текот на изминатите месеци таа често објавуваше фотографии на кои се релаксира и го покажува трудничкиот стомак, а изгледа како да ужива во бременоста. 

Таа е мајка на ќерките Мае Џејмс и Бенкс Вајолет кои ги има со Метју, и на 12-годишниот син Лука Круз кој го доби со поранешниот сопруг Мајк Комри.

36-годишната актерка е отворена за своите бремености, а во 2021 објави емотивни и искрени фотографии од породувањето во домашни услови со третото дете.

Деновиве таа е забележана во последните денови од четвртата бременост, облечена во црни, широки панталони со тесна маица по прерамки без градник, но е далеку од изданието кое го прикажува на Инстаграм.

edvaj-gi-izdrzhuva-poslednite-denovi-od-4-tata-bremenost-hilari-daf-bez-gradnik-otechena-i-trpelivo-cheka-da-se-porodi-03.jpg

edvaj-gi-izdrzhuva-poslednite-denovi-od-4-tata-bremenost-hilari-daf-bez-gradnik-otechena-i-trpelivo-cheka-da-se-porodi-04.jpg

Изгледа дека актерката тешко ги поминува овие денови и едвај чека да се породи, па на фановите им напиша:

„Здраво пријатели, ова е кажано со љубезен тон, ви ветувам. Нема повеќе да одговарам на прашања во пораки за тоа кога ќе дојде бебето.

Знам дека сите проверувате од љубов и хумор, но верувајте ми... никој не го сака тоа повеќе од мене. Бебињата доаѓаат кога се подготвени.

Се обидувам да бидам трпелива. Деновите се долги и непријатни. Ви ветувам дека ќе ве известам“.

edvaj-gi-izdrzhuva-poslednite-denovi-od-4-tata-bremenost-hilari-daf-bez-gradnik-otechena-i-trpelivo-cheka-da-se-porodi-06_1.jpg

Претходно таа на Инстаграм Стори имаше објавено фотографиja од акупунктура, додека се опушта, а на шега напиша дека се обидува на бебето да му даде известување дека е време за напуштање на стомакот.

 М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се породи Хејли Бибер, Џастин го откри името: „Добредојде дома“ Џастин и Хејли Бибер станаа родители на момче – пејачот сподели слатка фотка од ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Чека дете со 27-годишна девојка, ја изневерувал Моника Белучи – Скандалозниот љубовен живот на Винсе... На 57-годишна возраст, Винсент Касел го очекува неговото четврто дете, и тоа со ...
Линдзи Лохан откако „се смири“ и стана мајка: „Едвај чекам искуствата да му ги пренесам на синот“ Некогаш беше најскандалозна девојка, а сега е сопруга на бизнисмен од Дубаи и ма...
Холивудски актери кои биле без „скршен денар“ кога ја добиле улогата што ги прослави Шарлиз Терон безуспешно пробувала да кешира чек од ангажман како модел, кога ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg