Жизел Бундшен (44) се породи: Прво дете со дечко ѝ Хоакин, бившиот Том Брејди уште не може да ја преболи
- Детали
- четврток, 06 февруари 2025
Жизел Бундшен и Хоакин го добија првото дете и засега не е познат полот. Во меѓувреме, нејзиниот поранешен сопруг Том Брејди уште не можел да се помири со фактот дека таа е во сериозна врска, па и дека сега има дете со новиот дечко.
44-годишната Жизел Бундшен се породи и го доби првото дете со партнерот Хоакин Валенте.
Ова е трето дете на Жизел, која од бракот со Том Брејди ги доби синот Бенџамин (14) и ќерката Вивијан (11).
Веста за породувањето ја сподели таблоидот TMZ, додека Жизел и партнерот уште се немаат огласено.
Според изворот на TMZ, Жизел и бебето се чувствуваат добро.
Засега не е познато кога точно се породила Жизел, а го немаат откриено ни полот на детето.
Првите гласини за врската на Жизел и Хоакин се појавија во јуни 2023-та, околу една година по нејзината разделба со Том Брејди.
За бременоста, пак, се дозна во октомври минатата година, а според изворите, Том Брејди тешко се справил со новостите.
Имено, на Том му било тешко да го преболи разводот, особено откако Жизел најде нова љубов.
Поради ова, решил повеќе да се фокусира на кариерата.
„Том би сакал да излегува (со жени), но сега е фокусиран на кариерата. Моментално му е полесно да биде сингл.
На почетокот, сè му беше болно. Нејзината бременост, врската со Хоакин, фактот дека брзо го преболе. Но, пробува да се оттргне од лошите мисли со работа.
Знае дека животот сепак му е добар и не треба да троши време грижејќи се за работи надвор од негова контрола“.
Неодамна, друг извор за Daily Mail откри и како Жизел му соопштила на Том дека е бремена.
Најпрво, таа им кажала на нивните деца, а веднаш потоа и на Том бидејќи сакала да слушне од неа, а не од медиумите.
„Жизел и Хоакин не планираа да имаат дете. Ова беше неочекувано.
Хоакин отсекогаш сакал семејство, па Жизел е среќна што може да му го даде тоа. Знаеше дека тој ќе бие одличен татко“, додава изворот.
Додека децата на моделот биле пресреќни за новиот член на семејството, Том бил запрепастен бидејќи никогаш не ни помислил дека Жизел ќе сака уште едно дете, особено не по толку кратка врска.
Спирова С. | Црнобело