Хилари Даф сподели моќни и интимни фотки од породувањето во домашни услови

Емотивните мигови кога се подготвувала за породување, поддршката од сопругот, пријателката и мајка ѝ, хуморот кој ѝ бил неопходен во тие моменти – Хилари Даф објави искрени и моќни фотки од породувањето во домашни услови.

hilari-daf-spodeli-mokjni-i-intimni-fotki-od-poroduvanjeto-vo-domashni-uslovi-01.jpg

Иако 33-годишната Хилари Даф ја доби ќерката Мае Џејмс уште во март, вели дека дури сега се почувствувала подготвено за да сподели фотографии од породувањето.

Хилари се породи во домашни услови, исто како и со претходното дете пред две години, а споделените фотографии го доловуваат волшебниот миг на неверојатен начин.

„Се чувствувам подготвено да споделам неколку фотографии од раѓањето на Мае!!! За јас да се чувствувам безбедно за време на породување и да стигнам до онаму каде што треба, неопходно ми е да ја имам правилната поддршка. Совршениот простор, хумор, смиреност и луѓе кои ја поддржуваат мојата моќ“, пишува актерката.

semokjni-majki-sekojdnevno-pomestuvate-planini-hilari-daf-spodeli-mokjni-fotografii-od-poroduvanjeto-vo-domashni-uslovi-03.JPG

Хилари објаснува дека нејзиниот сакан, Метју Кома, секогаш ѝ е најголема поддршка кога се соочува со предизвик, а во објавата има неколку фотки кои навистина го покажуваат тоа.

semokjni-majki-sekojdnevno-pomestuvate-planini-hilari-daf-spodeli-mokjni-fotografii-od-poroduvanjeto-vo-domashni-uslovi-04.JPG

semokjni-majki-sekojdnevno-pomestuvate-planini-hilari-daf-spodeli-mokjni-fotografii-od-poroduvanjeto-vo-domashni-uslovi-08.JPG

На породувањето присуствувала и пријателката на Хилари, актерката Моли Бернард, за која Хилари откри дека ѝ била од огромна помош.

„Мојата мала Моли беше одличен асистент за породување кој седеше со мене кога требаше да бидам мирна и тивка. Навистина ѝ се допаѓаше тоа што седев во локва вода кога ми пукна воденикот“, пишува актерката на шега.

semokjni-majki-sekojdnevno-pomestuvate-planini-hilari-daf-spodeli-mokjni-fotografii-od-poroduvanjeto-vo-domashni-uslovi-09.JPG

semokjni-majki-sekojdnevno-pomestuvate-planini-hilari-daf-spodeli-mokjni-fotografii-od-poroduvanjeto-vo-domashni-uslovi-02.JPG

„Мама беше таму за да ни направи грицки и да гледа со голема нервозна насмевка додека нејзината ќерка ја носи на свет нејзината нова внука“.

semokjni-majki-sekojdnevno-pomestuvate-planini-hilari-daf-spodeli-mokjni-fotografii-od-poroduvanjeto-vo-domashni-uslovi-07.JPG

„Ова е тешко… секој начин на којшто една жена раѓа дете е тежок. Од забременување, до царски рез, породување во болница или дома, доењето и одговорното воспитување на овие мали суштества за да станат уверени, добри жители на светот. Целосно консумира. Заморна, волшебна, неверојатна авантура… Па, поздрав до сите семоќни мајки. Вие секојдневно поместувате планини“, завршува објавата на Хилари.

semokjni-majki-sekojdnevno-pomestuvate-planini-hilari-daf-spodeli-mokjni-fotografii-od-poroduvanjeto-vo-domashni-uslovi-05.JPG

semokjni-majki-sekojdnevno-pomestuvate-planini-hilari-daf-spodeli-mokjni-fotografii-od-poroduvanjeto-vo-domashni-uslovi-06.JPG

И кога се породи на 24-ти март, Хилари сподели моќна фотографија од неа, сопругот, двете дечиња и новороденчето, со што им соопшти на фановите дека станала мајка по третпат.

Хилари и сопругот Метју почнаа да се забавуваат во 2015 година, а првпат се појавија заедно во јавност дури две години подоцна, односно во 2017-та.

Многу краток период беа разделени, но набрзо се смирија и во 2018-та соопштија дека го очекуваат нивното прво дете. Следната година, откако ја добија ќерката, Метју ја запроси актерката и се венчаа во 2019-та. Лани изјавија дека очекуваат уште едно дете – второ заедничко, а трето за актерката.

Најстарото дете на Хилари се вика Лука и го роди во 2012 година со нејзиниот поранешен сопруг Мајк Комри. Тогаш актерката имаше 24 години.

Повеќе фотки од Хилари и семејството на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg