Џастин Бибер пееше кај најбогатиот Индиец: Заработи 13,5 милиони долари, се сликаше во бела маица и боксерки
- Детали
- недела, 07 јули 2024
„Крени си ги пантaлоните, брат“ – се шегуваат следбениците на Џастин Бибер кој на претсвадбената церемонија на најбогатиот Индиец се појави во бела маичка и црни тренерки, под кои се гледаат неговите боксерки.
Синот на најбогатиот Индиец Анант Амбани и неговата свршеница Радика Мерчант се подготвуваат за свадбата што треба да се одржи на 13-ти јули годинава, а на 5-ти имаа претсвадбена церемонија на која пееше и Џастин Бибер.
Познато е дека младиот канадски пејач деновиве не се одделува од неговата бремена сопруга Хејли, но според пишувањето на индиските медиуми, тој по приватниот концерт во Мумбаи, веднаш се вратил дома во Мајами.
Пејачот на Инстаграм сподели повеќе фотографии од зад сцената на настапот, на кои се гледа дека тој имал можност да се дружи со синот на најбогатиот Индиец, со неговата свршеница и членовите на потесното семејство.
Според пишувањата во индиските медиуми, Бибер за овој настап на својата сметка добил хонорар помеѓу 10 милиони и 13, 5 милиони долари, што е речиси двојно повеќе од она што го заработи Ријана во март годинава.
Сепак, до фотките Џастин доби голем број критики упатени до неговиот изглед.
Според следбениците, Џастин можел да избере малку посоодветен аутфит, а не да се фотографира во долна облека и наметнати тренерки со домаќините од кои заработи милиони.
„Брат си можел да облечеш нешто друго, наместо пижами“;
„Брат, панталоните ти паднале“;
„Џастин, изгледаш некако несредено. Заборавив дека тоа е твојот стил“;
„За 13 милиони си можел да не одиш во долна облека“ – стои во дел од коментарите.
Прочитајте и Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот пар кој ќе прави луксузна свадба
Погледнете уште неколку фотки во галеријата:
Б. С. Б. | Црнобело