Анџелина Џоли како грчка божица на настан со ќерка ѝ Вивиен – добија награда за мјузиклот на кој соработуваа (фото)
- Детали
- понеделник, 17 јуни 2024
Со елегантниот долг фустан што го носеше на доделувањето на Тони наградите, многумина ја споредуваат Џоли со грчка божица, додека ќерка ѝ Вивиен, која неодамна се откажа од презимето на Бред, сè повеќе личи на познатата актерка.
Периодов, верна придружничка на Анџелина Џоли на важни настани е нејзината ќерка Вивиен.
Откако и Вивиен се откажа од презимето на татко ѝ Бред Пит, таа ја придржуваше мајка ѝ на премиера, а сега се појави со Џоли и на доделувањето на Тони наградите.
Џоли и нејзиниот тим дефинитивно беа најголемите победници на 77-то доделување на Тони наградите и нејзиниот мјузикл The Outsiders доби дури 12 номинации, а освои четири статуетки.
Анџелина е продуцент на мјузиклот, а во продукцијата беше вклучена и Вивиен како нејзина асистентка.
49-годишната актерка носеше елегантен фустан во пастелно зелена боја, додека ќерка ѝ Вивиен се појави со костим и бела кошула, а комбинацијата ја дополнила со старки.
Многумина ја споредуваат актерката со грчка божица, додека за ќерка ѝ велат дека сè повеќе личи на неа.
На настанот присуствуваа и други познати актери, а меѓу оние кои добија награди се Даниел Редклиф и Сара Полсон.
Повеќе фотки од настанот во продолжение:
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





