Без Фотошоп: Како изгледаа одблизу лицата на познатите дами на Мет гала 2024? (фото)
- Детали
- петок, 10 мај 2024
Брчки, повеќе слоеви пудра, малку акни и мали несовршености, но и блескаво сјајна кожа дури и без Фотошоп – како изгледаа одблизу лицата на 14 познати дами на Мет гала 2024?
Мет галата се одржа на 6ти мај 2024, а славните дами ги покажаа своите најдобри модни изданија на зелено-белиот тепих во Метрополитен музејот во Њујорк.
На фотошопираните фотографии тие изгледаат беспрекорно, како и секогаш, без ниту една маана на лицето.
Но, во крупен кадар и без Фотошоп, кај повеќето ситуацијата е различна – се забележуваат брчките на лицето и малите несовршености на кожата, кои се нормални кај жените.
Со чест на исклучоци, некои дами навистина може да се пофалат со блескава кожа дури и без никакви филтри.