Најсмешните мемиња за Мет гала 2024 + симболиката зад креациите на ѕвездите кои не ја промашија темата

Кои ѕвезди ја погодија темата „Градина на времето“ и ги прикажаа минливоста и кревкоста на модата со нивните креации? А, како јавноста реагираше на целиот настан преку забавните твитови?

najsmeshnite-meminja-za-met-gala-2024-simbolikata-zad-kreaciite-na-dzvezdite-koi-ne-ja-promashija-temata01.jpg

Синоќа (06.05) се одржа овогодишната Мет гала – можеби најпрестижниот настан од светот на модата чија цел е да се соберат пари за Институтот за костими на музејот Метрополитен.

Настанот го организира добро познатата Ана Винтур, а секоја година свеченоста има различна тема.

Со настанот се одбележува и отворањето на годишната изложба на Институтот за костими.

Годинава изложбата е насловена „Заспани убавици: Будење на модата“. До септември, во Метрополитен ќе бидат изложени околу 250 костими од колекцијата на музејот кои се премногу кревки и кршливи за некој да ги облече.

Односно, никој не смее ни да ги допре бидејќи можат да се оштетат. Дел од овие креации се инспирирани од природата и се изработени од природни материјали. Оттаму и името „Заспани убавици“.

Целта на изложбата е да се прикаже кревкоста на модата, но и да „се вратат во живот“ креации кои денес можат да бидат само експонати во музеј.

najsmeshnite-meminja-za-met-gala-2024-simbolikata-zad-kreaciite-na-dzvezdite-koi-ne-ja-promashija-temata11.jpg

Темата на Мет галата инспирирана од изложбата има друго име – „Градина на времето“.

Идејата зад темата е слична со изложбата – треба да се прикаже минливата убавина на модата.

Нормално, секоја позната личност различно ја интерпретира темата, но генерално нивните креации би требало да вклучуваат детали инспирирани од природата, како цветови и птици, но и можат да бидат инспирирани од стари креации и модни трендови.

najsmeshnite-meminja-za-met-gala-2024-simbolikata-zad-kreaciite-na-dzvezdite-koi-ne-ja-promashija-temata10.jpg

Како и секоја година, некои познати личности ја промашиле темата, но некои се инспирирале во вистинска насока.

Значењето на дел од креациите на ѕвездите кои не ја промашија темата:

Ана Винтур

Цветовите доминираа на Мет галата бидејќи се можеби најдобар симбол за „минлива убавина“.

А, цветови одбрала и организаторката на настанот, Ана Винтур, чија креација е инспирирана од наметка од 1889-та која е дел од изложбата во музејот.

najsmeshnite-meminja-za-met-gala-2024-simbolikata-zad-kreaciite-na-dzvezdite-koi-ne-ja-promashija-temata-08.jpg

Ема Чемберлен

Фустанот на Ема е креација на Jean Paul Gaultier, а поради бојата изгледа како да е излезен од некоја стара фотографија.

Односно, фустанот личи како да е креација стара и неколку векови, што се вклопува со темата „Градина на времето“.

najsmeshnite-meminja-za-met-gala-2024-simbolikata-zad-kreaciite-na-dzvezdite-koi-ne-ja-promashija-temata-07.jpg

Bad Bunny

Bad Bunny се појави во костим кој изгледа како да не е довршен, што повторно се вклопува со минувањето на времето.

Според Vogue, цветот со кој е украсен костимот е всушност цветот со кој заспаната убавица си го боцка прстот во оригиналната бајка.

najsmeshnite-meminja-za-met-gala-2024-simbolikata-zad-kreaciite-na-dzvezdite-koi-ne-ja-promashija-temata-06.jpg

Зендеја

Младата актерка носеше фустан инспириран од креација на Dior од 1999 година.

Фустанот е украсен со детали инспирирани од природата, како листови, додека нејзините обетки се во форма на птици.

Истовремено, Зендеја имаше шминка инспирирана од минатото.

najsmeshnite-meminja-za-met-gala-2024-simbolikata-zad-kreaciite-na-dzvezdite-koi-ne-ja-promashija-temata-05.jpg

Тајла

Фустанот на Тајла е еден од фаворитите за годинава бидејќи можеби најдобро ја прикажува минливата убавина на модата.

Нејзиниот фустан е направен од песок.

najsmeshnite-meminja-za-met-gala-2024-simbolikata-zad-kreaciite-na-dzvezdite-koi-ne-ja-promashija-temata-04.jpg

Рита Ора

Фустанот на Рита Ора е украсен со монисти кои имаат историска вредност, бидејќи датираат од првиот и вториот век пред нашата ера.

najsmeshnite-meminja-za-met-gala-2024-simbolikata-zad-kreaciite-na-dzvezdite-koi-ne-ja-promashija-temata-03.jpg

Ел Фенинг

Фустанот на убавата актерка наликува на стакло, што одлично ја доловува кревкоста на модата.

Истовремено, има и детали во форма на птици.

najsmeshnite-meminja-za-met-gala-2024-simbolikata-zad-kreaciite-na-dzvezdite-koi-ne-ja-promashija-temata-02.jpg

На следната страница, најсмешните мемиња за настанот...



Би можело да ве интересира:

Ќерките на Бред Пит, трансродовата ќерка на Илон Маск – Деца кои се откажаа од презимето на славните... Три од шесте деца на Бред Пит и Анџелина Џоли се откажаа од презимето на татко и...
Класика и гламур: 16 парови кои издоминираа на Мет гала 2024 (фото) Познатиот режисер Таикa Ваитити се држеше во сенка на славната сопруга Рита Ора,...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Најсмешните мемиња и твитови за разводот на Џеј Ло и Бен Афлек „Уште два разводи на Бен Афлек и Џенифер Лопез и оп Нова Година, ене кај е“ - ма...
Без Фотошоп: Како изгледаа одблизу лицата на познатите дами на Мет гала 2024? (фото) Брчки, повеќе слоеви пудра, малку акни и мали несовршености, но и блескаво сјајн...
Зошто Мет Дејмон го молел Бен Афлек да не се венча со Џеј Ло? „Мет Дејмон гледаше како Бен се откажува од своите соништа и амбиции само за да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg