Девојката со победнички фустан на Мет гала 2024 – направен е од песок, ја носат на раце по скали (фото)
Фустанот е направен од песок и е оформуван по нејзиното тело, тројца мажи ѝ помагаа да се движи и ја креваа во раце по скали - девојката која за првпат се појави на Мет гала издоминира и ги засени сите на настанот.
Мет галата се одржа на 6 мај 2024, а како и секогаш, познатите личности се појавија во впечатливи и драматични аутфити, инспирирани од темата на настанот, „Градина на времето“.
Но, покрај многуте брилијантни стајлинзи, нескромно е да се каже дека „победник“ на бело-зелениот тепих беше девојката која за првпат се појави на настанот.
Таа носеше фустан направен од песок, кој е оформуван како скулптура по нејзиното тело, а нејзиното дебитантско чекорење по Метрополитен музејот во Њујорк, воопшто не разочара, напротив, ги воодушеви модните критичари.
Фустанот е креација на Balmain, а инспириран е од желбата да се редефинираат границите и минливиот материјал да се трансформира во вечно ремек-дело.
Девојката која издоминира на Мет галата во оваа креација е Тајла, млада јужноафриканска пејачка, која за својот изглед изјави:
„Носам песок на мене, песок на времето. Навистина сакавме нешто поразлично оваа година. Едвај чекам да си ги видам фотографиите. Го обожавам аутфитот“.
На прашањето дали може да седи, таа одговори: „На кого му е гајле? Слатка сум“.
Но освен за седењето, таа имаше тешкотии и со движењето, па за качувањето по фамозните скали, таа имаше потреба од асистенти кои ѝ послужија како лифт.
На видеата се гледа дека таа едвај се движи, а тројца мажи ја носат на раце и го држат фустанот, додека ја качуваат по скалите - но за сето тоа време таа остана грациозна.
Кликнете на видеата за да ги погледнете:
Погледнете повеќе фотографии од нејзиниот аутфит:
Прочитајте и Класика и гламур: 16 парови кои издоминираа на Мет гала 2024 (фото)
М. М. | Црнобело