Преживеа обид за убиство, му посакуваше смрт на син му – Мрачната страна на 50 Cent
- Детали
- сабота, 13 април 2024
Познатиот рапер беше застрелан деветпати и за некое чудо - преживеа. Наводно, убиството било нарачано од наркобос кој раперот го спомнал во своја песна…
Раперот 50 Cent го достигна врвот на кариерата во раните 2000-ти и ги одбележа средношколските денови и детството на милениумците.
Веруваме дека повеќето од оваа генерација до денес си ги потпевнуваат Candy Shop или In da Club ако ги слушнат.
Раперот уште е активен, иако неговата популарност не се ни споредува со пред деценија-две, а низ годините бил дел од многу контроверзии.
50 Cent, чие вистинско име е Куртис Џејмс Џексон, никогаш не го криел своето мислење, без разлика колку e контроверзно.
Може да „се пофали“ и со криминално досие и со неколку јавни расправии со други познати личности.
Во продолжение, неколку факти за лошата страна на 50 Cent:
Се шегуваше на сметка на маж со аутизам
Во 2016 година, раперот беше остро критикуван откако на Инстаграм објави видео во кое исмејува маж со аутизам.
На видеото снимено на аеродром во Кентаки (и сега е избришано од неговиот профил), се гледа како раперот му довикнува на вработен и го прашува како се вика.
Мажот не му одговара, по што раперот вели дека мажот сигурно дошол на работа под дејство на дрога.
Скриншот од видеото
Во коментари, еден од следбениците на раперот го идентификува мажот:
„Одев на училиште со него. Само да знаеш, има сериозни проблеми со социјализирање. Доволно му е тешко во животот без луѓе како тебе да го исмеваат. Да знаеш дека изгуби голем фан“.
Подоцна се огласи и мажот, чие име е Ендру Ферел, изјавувајќи дека не му е јасно зошто раперот го задевал кога тој само си ја гледал својата работа.
По многуте критики, 50 Cent беше присилен јавно да му се извини и на мажот, и на неговото семејство.
Се фалеше со лажни пари откако банкротира
Фотките и музичките спотови на кои 50 Cent се фали со пари не беа ништо ново.
Но, ова фалење му создаде проблеми откако во 2015-та раперот банкротира.
И по банкротот, тој продолжи да објавува фотки на кои се расфрла со пари. Овој период раперот се тужеше и со жена бидејќи објавил нејзино експлицитно видео онлајн.
Судијата, следејќи ја неговата активност онлајн, пресудил дека тој треба да ѝ исплати пет милиони долари на жената како оштета.
Но, тој ги немал парите и во судницата призна дека на сите фотки се гледаат лажни банкноти.
Во 2017-та, тој успеа да го исплати долгот од над 22 милиони долари.