Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актерката Фрида Фарел
Во следните три дена, Питер постојано ѝ давал млеко со опојни супстанци, а таа верува дека во тој период била силувана од најмалку шест мажи.
Но, во еден миг направил една голема грешка. Дошол и ѝ фрлил долна облека па ѝ рекол да се облече, но во брзањето излегол и заборавил да ја заклучи вратата.
Во овој миг Фрида ја земала облеката и, првично уплашена затоа што мислела дека Питер ја тестира, ја отворила вратата.
Кога видела дека нема никој, таа почнала да трча без престан неколку блока, а потоа фатила такси до куќата на нејзина другарка.
Таа го пријавила случајот во полиција, но Питер никогаш не бил најден.
Полицијата не можела да најде никакви докази за него и за неговиот идентитет, а се покажало дека станот каде што му било студиото бил изнајмен на неделно ниво и немало никакви податоци за човекот што го изнајмил.
Благодарение на нејзиниот сопруг Крис Фарел, Фрида собрала храброст да ја раскаже својата приказна, а денес ги предупредува сите оние коишто работат како фриленсери да бидат мошне внимателни.
„Секој што работи како фриленсер, модел, актер, новинар, фотограф… Тоа се луѓето што се појавуваат на секакви места и веруваат дека работите ќе бидат во ред.
Секогаш кажете им на блиските каде сте ако одите на кастинг, а ако се работи за личност што не ја познавате секогаш донесете пријател со вас“ – изјави таа.
Б. С. Б. | Црнобело