Ќерката на Брус Вилис, Талула откри дека на 30 години ѝ дијагностицирале аутизам: „Ми се промени животот“

Пред 2 години тврдеше дека била искористувана од личноста која се грижела за неа на 18 години, а сега откри дека доцна во животот добила дијагноза за аутизам. Ќерката на Брус Вилис искрена за својата здравствена состојба вели: „Дијагнозата ми го промени животот“.

kjerkata-na-brus-vilis-talula-otkri-deka-na-30-godini-i-dijagnosticirale-autizam-mi-se-promeni-zhivotot-01.jpg

Најмалата ќерка на Брус Вилис од бракот со Деми Мур, Талула Вилис (30) сподели со јавноста дека на 30 години ѝ бил дијагностициран аутизам.

kjerkata-na-brus-vilis-talula-otkri-deka-na-30-godini-i-dijagnosticirale-autizam-mi-se-promeni-zhivotot-02.jpg

На својот Инстаграм профил, таа сподели видео на кое е со татко ѝ на црвениот тепих и на кое постојано го допира за главата и за увото додека тој дава изјава и ја држи во рацете, а во еден миг само ја погледнува и таа се смирува.

„Кажи ми дека имаш аутизам, без да ми кажеш дека имам аутизам“ – напиша таа до видеото и се пошегува на сопствена сметка.

View this post on Instagram

A post shared by tallulah willis (@buuski)

Инаку видеото е снимено во 2004-та година, кога Талула имала околу 10 години.

kjerkata-na-brus-vilis-talula-otkri-deka-na-30-godini-i-dijagnosticirale-autizam-mi-se-promeni-zhivotot-03.jpg

Во коментарите еден од нејзините следбеници ја пофали нејзината храброст отворено да зборува за својата состојба и ја праша дали дијагнозата ја добила како дете, на што Талула одговори:

„Всушност ова е првпат јавно да ја споделам мојата дијагноза. Ја добив ова лето и целосно ми се промени животот“ – напиша таа.

kjerkata-na-brus-vilis-talula-otkri-deka-na-30-godini-i-dijagnosticirale-autizam-mi-se-promeni-zhivotot-04.jpg

Аутизмот се дефинира како широк спектар на состојби што се карактеризираат со предизвици поврзани со вештините за комуникација, како повторливи движења, говор и невербална комуникација.

Се верува дека аутизмот може да биде дијагностициран на возраст од 2 до 3 години, но честопати може да се случи симптомите да поминат незабележано затоа што педијатрите сакаат да му дадат повеќе време на пациентот да се развие, пред да ја дадат дијагнозата.

kjerkata-na-brus-vilis-talula-otkri-deka-na-30-godini-i-dijagnosticirale-autizam-mi-se-promeni-zhivotot-06.jpg

Инаку, Талула во минатото откри дека била злоупотребена физички и емотивно од личноста што требала да се грижи за неа кога била на возраст од 18 до 20 години.

Таа појасни дека била манипулирана да живее заедно со личноста која ја изолирала од надворешниот свет, ѝ го променила телефонскиот број и ја преземала одговорноста за нејзиниот мејл, па ги криела мејловите од неа.

„Постоеше една личност во мојот живот, која ја запознав уште кога бев во основно училиште, за која сметав дека е тука за да се грижи за мене.

kjerkata-na-brus-vilis-talula-otkri-deka-na-30-godini-i-dijagnosticirale-autizam-mi-se-promeni-zhivotot-07.jpg

На 18 години го одложив започнувањето на студиите и тогаш оваа личност, што сега ми е јасно дека била социопат, ме натера да почнам да живеам со неа. Без да се побунам (затоа што не знаев дека можам), прифатив.“ – раскажа таа.

Оваа злоупотреба траела две години, а уште тогаш Талула навести дека имала проблеми со менталното здравје.

„Не можам да сфатам како некој може тоа да му го направи на дете, кое веќе трпело премногу болка, кое само сакало љубов, безбедност и простор за да се залечи, а некој можел да го гледа како средство за да си ги оствари целите.

Манипулираше со моите проблеми со менталното здравје за да си обезбеди сигурна работа и кредитна картичка без лимит“ – рече таа.

kjerkata-na-brus-vilis-talula-otkri-deka-na-30-godini-i-dijagnosticirale-autizam-mi-se-promeni-zhivotot-09.jpg

За потсетување, Талула е најмала од трите ќерки што Брус Вилис ги доби од бракот со Деми Мур. По разводот на нејзините родители, таа живееше со мајка ѝ и нејзиниот втор сопруг Ештон Кучер.

Прочитајте и Тој сакал да ја претвори во домаќинка, таа за инает прифаќала улоги – Зошто се развеле Брус Вилис и Деми Мур?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg