Тој сакал да ја претвори во домаќинка, таа за инает прифаќала улоги – Зошто се развеле Брус Вилис и Деми Мур?
- Детали
- сабота, 20 мај 2023
„Не знам каде згрешив во бракот!“ - наводно ова бил одговорот на Брус Вилис што го дал по разводот со Деми Мур. Тие и 23 години по разводот се блиски пријатели, а Деми откри во што бил проблемот и зошто, и покрај тоа што се толку блиски, одлучиле да се разведат.
Деми Мур (60) и Брус Вилис (68) се разведоа во 2000-та година, но и покрај тоа што секој од нив продолжи со својот живот и влезе во нов брак, сепак останаа пријатели.
Таа е со него постојано откако е откриено дека тој боледува од афазија и деменција, па многумина се прашуваат зошто воопшто се разделиле кога се толку блиски.
Иако сега работите изгледаат совршени, вистината е дека нивниот брак не бил без проблеми, а Деми Мур во својата биографска книга Inside Out откри голем број детали за тоа каков бил Брус како сопруг и зошто тие двајца одлучиле да се разведат.
Во продолжение неколку интересни детали за нивната љубовна приказна:
Деми Мур и Брус Вилис се запознале во 1987-ма година на премиерата на филмот Stakeout, во која играл нејзиниот тогашен свршеник Емилио Естевез. Штом го запознала Брус, Деми ја раскинала свршувачката и така почнала нивната бурна љубовна приказна.
Тие двајца се венчале само 4 месеци по првата средба во Лас Вегас. Деми откри дека венчавката била непланирана и дека идејата била на Брус додека седеле во казино. Еден месец подоцна, организираа и свечена церемонија за пријателите и роднините.
Во 1988-ма година тие двајца ја добија ќерката Румер, а потоа ги добија и ќерките Скаут (1991) и Талула (1994).
Брус и Деми важеа за еден од најскладните парови во Холивуд, па кога во јавноста се појавија вестите дека парот се разделува во 1998-ма година, тоа за многумина беше неочекувано.
И покрај тоа што беа разделени, документите за развод ги поднесоа дури 2 години подоцна во 2000-та година, а Брус во тој период велеше дека не знае каде згрешил во бракот.
„Сè уште ја сакам Деми. Многу сме блиски. Имаме три деца што ќе продолжиме да ги растеме заедно и во моментов сме блиски како што бевме и на почетокот.
Свесни сме дека треба да останеме посветени на децата и нашето пријателство продолжува. Институцијата ја оставивме настрана...
Тешко е да го живееш животот и да бидеш во брак кога си постојано под лупа, а тоа им се случува на паровите што се филмски ѕвезди“ – рече тој.
Во 2017-та година Деми ја објави својата книга мемоари каде меѓу другото пишуваше и за бракот со Брус. Како што рече, додека биле заедно актерот сакал постојано да ја контролира и ја терал да остане дома и да биде домаќинка и мајка.
Откако се породила со првата ќерка, Деми брзо се вратила во форма и сакала да снима филм со Роберт де Ниро и Шон Пен, а Брус ѝ рекол: „Бракот никогаш нема да функционира ако одиш да снимаш филм“.
Деми ја прифатила улогата и секој викенд се враќала дома од снимање за да биде со сопругот и ќерката.
Тие имале правило, според кое не смееле да бидат разделени повеќе од 2 недели и морало да поминуваат по 4 дена заедно, но Деми признава дека честопати го прекршувала правилото.