Се венчаа во казино, актерот ќе остави само 1 милион за нивните ќерки – Како Брус Вилис и Деми Мур се добри пријатели и по разводот?

Иако се разделени уште од 1998 година, Деми Мур и Брус Вилис се одлични пријатели и се заедно во најтешките мигови од животот на актерот. Како успеваат во ова, но и зошто актерот ќе им остави само 1 милион долари на нивните три ќерки, а сето останато богатство на сегашната сопруга и двете деца со неа?

se-venchaa-vo-kazino-akterot-kje-ostavi-samo-1-milioni-za-nivnite-kjerki-kako-brus-vilis-i-demi-mur-se-dobri-prijateli-i-po-razvodot-01.jpg

Поминаа неколку месеци откако јавноста дозна дека Брус Вилис има афазија – болест која има влијание врз способноста за говор, па дури и за разбирање на јазикот.

За болеста нема лек, а состојбата на актерот само се влошува.

Сега тој минува најмногу време со семејството, вклучувајќи ја и бившата сопруга Деми Мур, а според извори блиски до актерот, сите се молат за „божиќно чудо“ и не губат надеж дека неговата состојба можеби ќе се подобри.

se-venchaa-vo-kazino-akterot-kje-ostavi-samo-1-milioni-za-nivnite-kjerki-kako-brus-vilis-i-demi-mur-se-dobri-prijateli-i-po-razvodot-07.jpg

Иако Брус Вилис е во брак со Ема, поранешната сопруга Деми Мур има важен дел во неговиот живот и се чини дека минува сè повеќе време со него.

Изминативе неколку месеци, Деми и Брус се речиси постојано заедно, како и со нивните три деца. Нормално, овде е и сегашната сопруга на Брус, како и двете деца што ги доби со неа.

Според Radar Online, кратко пред да ја добие дијагнозата за болеста, Брус Вилис направил промени во тестаментот.

se-venchaa-vo-kazino-akterot-kje-ostavi-samo-1-milioni-za-nivnite-kjerki-kako-brus-vilis-i-demi-mur-se-dobri-prijateli-i-po-razvodot-05.jpg

Богатството на актерот изнесува 250 милиони долари, но на ќерките што ги доби со Деми Мур, им оставил по само еден милион.

Radar Online споделува дека сите останати пари ќе одат кај сегашната сопруга и нивните две деца – Мејбл (10) и Евелин (8).

„Брус сака да се осигури дека најмалите членови од неговото семејство ќе бидат обезбедени за живот. Тој смета дека Румер, Скаут и Талула имаат добиено многу финансиска помош од него во текот на животот.

Всушност, Брус го промени тестаментот по венчавката со Ема во 2009-та, а потоа повторно кога им се родија децата. Сега повторно го промени, откако сфати дека му се влошува здравјето“.

se-venchaa-vo-kazino-akterot-kje-ostavi-samo-1-milioni-za-nivnite-kjerki-kako-brus-vilis-i-demi-mur-se-dobri-prijateli-i-po-razvodot-08.jpg

Наводно, актерот бил убеден дека трите возрасни ќерки ќе можат да се снајдат и без неговите пари бидејќи веќе имаат свои кариери.

„Брус верува и дека Деми, која има 200 милиони, секогаш ќе биде овде за Румер, Скаут и Талула“.

Веројатно Деми Мур се согласува со ова и продолжува да биде дел од животот на актерот.

se-venchaa-vo-kazino-akterot-kje-ostavi-samo-1-milioni-za-nivnite-kjerki-kako-brus-vilis-i-demi-mur-se-dobri-prijateli-i-po-razvodot-02.jpg

Но, сигурно се прашувате како актерите успеаја да го задржат пријателскиот однос по разводот.

Брус и Деми се запознаа во 1987 година на премиера и почнаа да се гледаат речиси веднаш.

se-venchaa-vo-kazino-akterot-kje-ostavi-samo-1-milioni-za-nivnite-kjerki-kako-brus-vilis-i-demi-mur-se-dobri-prijateli-i-po-razvodot-06.jpg

Тие се венчаа во ноември 1987-ма, во казино во Лас Вегас, по само три месеци заедно.

„Се движевме низ казиното кога Брус рече дека би требало да се венчаме. Се шегувавме за тоа додека бевме во авионот, но одеднаш изгледаше како да не се шегува“, откри актерката во нејзините мемоари.

se-venchaa-vo-kazino-akterot-kje-ostavi-samo-1-milioni-za-nivnite-kjerki-kako-brus-vilis-i-demi-mur-se-dobri-prijateli-i-po-razvodot-12.jpg

Во 1988 година тие ја добија најстарата ќерка – Румер. Во 1991 им се роди Скаут, а во 1994 година ја добија Талула.

Во 1998-ма, по десет години заедно, актерите открија дека се разделуваат. Нивниот развод беше финализиран во 2000 година.

se-venchaa-vo-kazino-akterot-kje-ostavi-samo-1-milioni-za-nivnite-kjerki-kako-brus-vilis-i-demi-mur-se-dobri-prijateli-i-po-razvodot-04.jpg

Тогаш актерот прозборе за нивното пријателство по разводот и желбата да бидат добри родители на нивните деца.

„Уште ја сакам Деми. Многу сме блиски. Имаме три деца за кои ќе продолжиме да се грижиме заедно, и веројатно сега сме поблиски од кога било. Нашето пријателство продолжува“.

se-venchaa-vo-kazino-akterot-kje-ostavi-samo-1-milioni-za-nivnite-kjerki-kako-brus-vilis-i-demi-mur-se-dobri-prijateli-i-po-razvodot10.jpg

И покрај тоа што беа разделени, на Брус Вилис не му било сеедно кога Деми почна да се гледа со Ештон Кучер. Наводно, актерот бил многу љубоморен, а Вил Смит му помогнал да ги надмине овие чувства.

„Во некои од најмрачните мигови, Вил ми рече: ’Мора да им покажеш на децата дека е во ред да имате други партнери‘. И тогаш како да се освестив. Па, Вил, ти благодарам“, изјави актерот во интервју.

se-venchaa-vo-kazino-akterot-kje-ostavi-samo-1-milioni-za-nivnite-kjerki-kako-brus-vilis-i-demi-mur-se-dobri-prijateli-i-po-razvodot-03.jpg

Околу десет години по разводот, Брус остана сингл, сè до 2009 година кога се венча со Ема. На свадбата беа поканети и Деми и Ештон.

„Станавме како племе. Многу луѓе се заинтересирани бидејќи сите ги разбираат одбивноста и љубомората кога завршува некој брак. Но, не разбираат како можам да сум во толку добар односот со бившата“, сподели Брус.

И Ема има прозборено за целата ситуација, изјавувајќи дека секогаш ѝ било пријатно кога Деми била со нив.

se-venchaa-vo-kazino-akterot-kje-ostavi-samo-1-milioni-za-nivnite-kjerki-kako-brus-vilis-i-demi-mur-se-dobri-prijateli-i-po-razvodot09.jpg

Во 2011 година Деми и Ештон се разделија, а истиот период, Брус Вилис и Ема ја добија првата ќерка.

А, Деми и Брус го продолжија нивното пријателство.

„Секогаш се трудеа да бидеме заедно на сите семејни настани. Се трудеа да бидеме едно семејство, а не две посебни, и мислам дека ова има позитивно влијание врз нас“, изјави ќерка им Румер.

se-venchaa-vo-kazino-akterot-kje-ostavi-samo-1-milioni-za-nivnite-kjerki-kako-brus-vilis-i-demi-mur-se-dobri-prijateli-i-po-razvodot-11.jpg

Можеби најнеобично во нивниот однос е што Деми Мур и Брус Вилис заедно поминаа четири недели во карантин за време на пандемијата.

За јавноста беше чудно зошто актерите се сами, без сопругата на Брус и нивните мали деца, но Скаут Вилис даде објаснување.

Имено, и тие требало да бидат со нив, но едната ќеркичка се повредила, па морале итно да одат во болница.

se-venchaa-vo-kazino-akterot-kje-ostavi-samo-1-milioni-za-nivnite-kjerki-kako-brus-vilis-i-demi-mur-se-dobri-prijateli-i-po-razvodot-13.jpg

Деми Мур продолжува да биде покрај Брус дури и во најмрачниот период од неговиот живот, па сега минуваат многу време заедно.

Актерката е дел од сегашното семејство на Брус, а беше потпишана и на официјалната изјава за болеста на актерот, заедно со Ема и петте деца.

Деми Мур и Брус Вилис дефинитивно се одличен пример за тоа како треба да функционира разделен пар со заеднички деца.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс – Богати личности кои живеат во (релативно) скромни домови, и покрај м... Милијардерот Ворен Бафет е еден од најбогатите луѓе во светот и иако поседува мн...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Син му е обвинет за силување девојка со негова помош – Кои се 7-те деца на Пи Диди кои ги има од 4 ж... Едниот од синовите на Пи Диди, Кристијан, беше забележан во ноќен клуб само два ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg