Ештон Кучер за пропаднатиот брак со Деми Мур: „На само 26 години станав очув на 3 мали деца, но сакав да имаме уште едно“

„Имав 26 години, а требаше да се грижам за 8, 10 и 12-годишно дете. Тоа беше премногу за мене“ - холивудскиот актер Ештон Кучер ја отвори душата и за првпат отворено говореше за неговиот неуспешен брак со 16 години повозрасната Деми Мур.

eshton-kucher-za-propadnatiot-brak-so-demi-mur-na-samo-26-godini-trebashe-da-se-grizham-za-3-mali-deca-no-sakav-da-imame-ushte-edno-01.jpg

Ештон Кучер (44) во последните неколку години се труди колку може повеќе својот приватен живот да го држи подалеку од очите на јавноста, а многумина го помнат по бракот со поранешната сопруга на Брус Вилис, актерката Деми Мур (60).

eshton-kucher-za-propadnatiot-brak-so-demi-mur-na-samo-26-godini-trebashe-da-se-grizham-za-3-mali-deca-no-sakav-da-imame-ushte-edno-02.jpg

Во големото интервју за магазинот Esquire, Ештон Кучер за првпат отворено проговори за тоа како се чувствувал за време на бракот со актерката, но и за тоа како врз него влијаело тоа што таа во 2019-та година одлучи да објави книга мемоари насловена Inside Out во која изнесе повеќе приватни детали од нивниот брачен живот.

eshton-kucher-za-propadnatiot-brak-so-demi-mur-na-samo-26-godini-trebashe-da-se-grizham-za-3-mali-deca-no-sakav-da-imame-ushte-edno-03.jpg

Секс во тројка, неуспешна бременост, проблеми со алкохолизмот... Ова се само некои од работите за кои Деми Мур зборува во своите мемоари и за кои го обвини својот поранешен сопруг.

„Конечно стигнав до периодот во кој новинарите почнаа да не ни обрнуваат внимание и следниот ден папараците беа пред училиштето на моите деца“ – вели Ештон, но потврдува дека не ѝ се лути на Деми затоа што сметала дека треба сите брачни детали да ги изнесе во јавност.

eshton-kucher-za-propadnatiot-brak-so-demi-mur-na-samo-26-godini-trebashe-da-se-grizham-za-3-mali-deca-no-sakav-da-imame-ushte-edno-05.jpg

Деми Мур откри дека парот и покрај тоа што веќе се грижел за трите малолетни деца од претходниот брак на актерката, сепак се обиделе да добијат и заедничко дете со вонтелесно оплодување, што го загубиле во 6-иот месец од бременоста.

„Многу сакам деца... Идејата да имаме уште едно дете беше прекрасна. Не знам зошто, но морав да го искусам тоа. Да го загубиш детето што очекуваш дека ќе го добиеш, е навистина, навистина тешко. Секој се справува со тоа на различен начин“ – вели тој.

eshton-kucher-za-propadnatiot-brak-so-demi-mur-na-samo-26-godini-trebashe-da-se-grizham-za-3-mali-deca-no-sakav-da-imame-ushte-edno-04.jpg

Ештон и Деми Мур во 2011-та година објавија дека се разведуваат, а тој откри дека се чувствувал мошне разочарано затоа што бракот не им успеал.

„Разводот прави да се чувствуваш како губитник. Затоа што си го загубил бракот“ – вели тој.

eshton-kucher-za-propadnatiot-brak-so-demi-mur-na-samo-26-godini-trebashe-da-se-grizham-za-3-mali-deca-no-sakav-da-imame-ushte-edno-06.jpg

Кучер почна да се гледа со Мила Кунис во 2013-та година, опдносно откако беше финализиран разводот со Деми Мур. Тие двајца се венчаа во 2015-та година и заедно имаат две деца.

„Мојата врска со Мила напредуваше затоа што јас отсекогаш ѝ се восхитував. На нејзиниот талент, вештини, дарбата. Знаев дека не ѝ требам, ниту дека таа мене не ми е потребна“ – рече тој и додаде дека неговата сегашна сопруга е многу покул од него.

Кучер откри дека неодамна одлучил да направи вазектомија затоа што не планира да има повеќе деца.

Прочитајте и Му ги простуваше неверствата, прифаќаше секс во тројка – Како Деми Мур се обидуваше да го спаси бракот со Ештон Кучер?

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg