Му ги простуваше неверствата, прифаќаше секс во тројка – Како Деми Мур се обидуваше да го спаси бракот со Ештон Кучер?
Му ги простуваше неверствата, јавно призна дека прифаќала секс во тројки, а дури и повторно почнала да пие само за да биде забавна за нејзиниот 16-години помлад сопруг. Како Деми Мур се обидуваше да го спаси бракот со Ештон Кучер?
Ештон Кучер (43) во моментов е во среќен брак со актерката Мила Кунис (38), а речиси многумина и заборавиле дека во минатото беше во брак со актерката Деми Мур (59) која е 16 години повозрасна од него.
Ештон и Деми беа во врска од периодот од 2003-та до 2011-та година, а нивната врска привлекуваше внимание заради големата генерациска разлика. Тие се венчаа во 2005-та година во Кабала церемонија.
Како и да е, набрзо откако стапија во брак, во медиумите почнаа да се шират гласини за неверства од страна на Ештон, а Деми, пред неколку години во своите мемоари насловени Inside Out отворено говореше за тоа низ што сѐ поминала за да го зачува бракот со 16 години помладиот актер.
Во продолжение проследете неколку интересни факти за нивната врска:
Деми Мур зад себе има три брака: на 18 години се омажила за 12 години повозрасниот музичар Фреди Мур, чиешто име и до ден денес го користи како сценско име. По ова беше во брак со Брус Вилис со кого има три деца, а се разведе во 2000-тата година. По ова следеше бракот со Кучер.
Според нејзините мемоари, во една прилика Кучер ѝ рекол дека најверојатно немало да се ожени за неа ако знаел колку многу нивната врска ќе биде следена од медиумите.
Деми призна дека се чувствувала зависна од 16-години помладиот сопруг.
„Го правев сето она што го прават зависниците. Давав приоритет на мојата зависност, без да водам сметка за себеси или за потребите на моето семејство. Постојано имав чудни оправдувања за моето или неговото однесување“ – напиша Деми.
Малкумина знаат дека во еден период Деми била и бремена од Ештон, но за жал го загубила бебето во шестиот месец од бременоста.
Деми во своите мемоари призна дека причината за нивниот развод биле неговите неверства. Но, иако таа сакала да му ги прости неверствата, актерот бил решен да стави крај на врската.
„Тој не сакаше да работи на нашата врска. Ештон не сакаше да имаме секс или да бидеме интимни. Јас многу сакав да го спасам бракот, но бев осамена во тие желби“ – напиша таа.
Деми призна дека за да му ги исполни желбите на помладиот сопруг дури и се согласувала на секс во тројка, затоа што сакала да биде модерна и забавна.
За време на бракот со Кучер и еден негов непромислен коментар дека „алкохолизмот не постои, туку само треба да знаеш да бидеш умерен“, Деми одлучила да се напие едно пиво, одлука поради која зажалила, затоа што бргу потоа се вратила на старите пороци – алкохол и опојни супстанци.
Неверствата, како што пишуваше Деми, Ештон ги оправдувал со тоа што таа веќе прифатила секс во тројка и сметал дека тие имаат отворен брак.
Еден месец откако Деми го фатила на дело со друга девојка како се соблекуваат во хотелска соба, Ештон се отселил од семејниот дом, а потоа следел разводот.
Од 2015-та година Ештон Кучер е во складен брак со актерката Мила Кунис со кого имаат два сина. Тие двајцата се познати по тоа што сопствените приватни животи ги чуваат подалеку од очите на јавноста.
Б. С. Б. | Црнобело