Реакцијата на Тејлор Свифт кога испиша историја, апсење на познат рапер - Највпечатливите моменти од Греми 2024
- Детали
- понеделник, 05 февруари 2024
Селин Дион имаше ретко појавување во јавност откако објави дека страда од синдром на вкочанета личност. Таа на Тејлор Свифт ѝ ја врачи наградата за албум на годината, со што младата пејачка стана прва која по четврти пат го доби ова признание. Кои беа највпечатливите мигови од Греми 2024?
Во неделата (04.02) се одржа доделувањето на Греми наградите.
Селин Дион имаше ретко појавување во јавност откако објави дека страда од синдром на вкочанета личност, а на сцената на доделувањето на Греми 2024 се појави придружувана од нејзиниот најстар син Рене Шарл Анжелил (23).
https://twitter.com/people/status/1754371200447619314
Таа на Тејлор Свифт ѝ ја врачи наградата за албум на годината.
А, доста внимание привлече и реакцијата на Тејлор кога дозна дека по четврти пат ја освои оваа награда и со тоа испиша историја, затоа што стана првиот музичар што добил четири последователни Греми награди за најдобар албум.
https://twitter.com/THETonyMorrison/status/1754362098107220256
Кои беа најинтересните и највпечатливите моменти од доделувањето на наградите?
Мајли Сајрус остана збунета затоа што новинарите ја фотографираа со телефони, наместо со фотоапарати
https://twitter.com/MileyCyrusBz/status/1754300902217818261
Тејлор Свифт се подготвува за црвениот тепих и прашува дали стрелките на часовникот на нејзиниот врат покажуваат полноќ
https://twitter.com/tswifterastour/status/1754320658954379743
Мајли Сајрус среде настап ги праша присутните: „Зошто се правите дека не ја знаете песнава?“
https://twitter.com/beyoncegarden/status/1754324318698291675
Џеј Зи си стави пијалак во статуетката и ја испи пред камерите, откако јавно кажа дека е разочаран затоа што неговата сопруга не ја освои наградата за најдобар албум
https://twitter.com/BeyLegion/status/1754347639360090479