Заработувала милиони, сега не смее да користи Инстаграм - Нови детали за сопругата на Канје Вест

На само 18 години отворила свој бренд кој ѝ донел милиони, а денес не смее да отвори ниту профил на Инстаграм без дозвола на Канје. Нови детали за Бјанка Сенсори и нејзиниот скандалозен живот со раперот.

zarabotuvala-milioni-sega-ne-smee-da-koristi-instagram-novi-detali-za-soprugata-na-kanje-vest-01.jpg

Канје Вест има план како да ѝ помогне на сопругата Бјанка Сенсори да не обрнува внимание на негативните коментари: таа не смее да користи социјални мрежи.

Според луѓето што се блиски до неа, раперот вака ја оправдува својата одлука, а главна цел му е целосно да ја оддалечи сопругата и да ја изолира.

zarabotuvala-milioni-sega-ne-smee-da-koristi-instagram-novi-detali-za-soprugata-na-kanje-vest-03.jpg

Претходно, луѓето блиски до Бјанка тврдеа дека нејзиниот сопруг ја контролира и ја манипулира, а сега истите откриваат дека таа целосно престанала да користи социјални мрежи откако се омажила за поранешниот сопруг на Ким Кардашијан.

„Тој не сака Бјанка да има профили на социјалните мрежи затоа што смета дека ќе биде повредена ако ги чита погрдните коментари на луѓето.

Ја убеди дека, штом е ѕвезда, мора да ја зачува мистериозноста и тоа воопшто не им се допаѓа на луѓето што ја познаваат и им наликува на уште една форма на контролирање“ – пишува Daily Mail.

zarabotuvala-milioni-sega-ne-smee-da-koristi-instagram-novi-detali-za-soprugata-na-kanje-vest-04.jpg

Од друга страна, разголените фотки на Бјанка се на неговите профили, па така, тој го контролира наративот и ја прави што е можно поизолирана.

На многумина не им е јасно како е можно Бјанка, која била признаен архитект пред да го запознае Канје, да дозволува да ѝ се случува ова.

zarabotuvala-milioni-sega-ne-smee-da-koristi-instagram-novi-detali-za-soprugata-na-kanje-vest-06.jpg

Бјанка дипломирала и магистрирала во Мелбурн во областа на архитектурата. Прво започнала своја компанија за изработка на накит, која набрзо ја затворила, а потоа се вработила во компанијата Yeezy на Канје.

Се верува дека Бјанка била „наградуван архитект, познат по своите иновативни дизајни и посветеноста на енергетски ефикасната архитектура“.

zarabotuvala-milioni-sega-ne-smee-da-koristi-instagram-novi-detali-za-soprugata-na-kanje-vest-07.jpg

Најголемото богатство го заработила во периодот од 2013 до 2017 година кога како 18-годишна девојка ја отворила компанијата Nylons, за која дизајнирала накит изработен од кристали и најлонска мрежа.

zarabotuvala-milioni-sega-ne-smee-da-koristi-instagram-novi-detali-za-soprugata-na-kanje-vest-02.jpg

Во тој период Бјанка заработила околу 2 милиони долари, а и денес има солидна заработка како главен архитект во компанијата Yeezy.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Канје и Бјанка организирале оргии во хотели, раперот сакал да спие со мајка ѝ – нови бизарни детали ... Според нова тужба против Канје Вест, раперот и Бјанка организирале секс забави в...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg