„Не смее да носи панталони во 2024“ – Канје Вест со скандалозни фотки најави кое е новото правило за неговата сопруга
- Детали
- среда, 03 јануари 2024
„Најде жена што изгледа исто како поранешната сопруга“, „Ќе престанеш ли да ја понижуваш сопругата?“ – стои во дел од коментарите до фотографиите на Канје Вест од сопругата Бјанка Сенсори, со кои најави дека таа годинава ќе се шета уште поразголена.
Поранешниот сопруг на Ким Кардашијан, Канје Вест, најави дека неговата сегашна сопруга, Бјанка Сенсори во 2024-та година, ќе биде уште поразголена од минатото.
Очигледно, аутфитите во кои буквално се гледаше сè не се доволно контроверзни за раперот, па тој годинава воведува ново правило за Бјанка: Во 2024-та таа нема да носи панталони.
На својот Инстаграм профил, Канје сподели повеќе фотографии од новите аутфити на неговата сопруга, на кои нејзините гради беа покриени само со едно мало парче крзно, а интимните делови ги прекри со минијатурна танга.
Изгледот беше надополнет со чевли со чорапи и црна марама која ѝ го нагласи лицето без шминка, а до фотографијата Канје накратко појасни дека годинава има едно правило кога станува збор за изгледот на Бјанка.
„Нема (да носи) панталони годинава“ – напиша тој.
Исто така, Бјанка е фотографирана и во минијатурен црн корсет од кој целосно ѝ претекуваат градите, како стои во бањата и гледа надолу, а раперот до фотката напиша:
„Да не ти падна нешто?“
До фотографиите Канје доби голем број критики. Следбениците не се импресионирани од начинот на кој тој ја третира својата втора сопруга, па дел од нив му напишаа:
„Се сеќавате кога Канје ѝ се лутеше на Ким затоа што се појави премногу разголена?“;
„Зошто не ѝ дозволиш да носи нормална облека?“;
„Девојко, Канје не може да се искупи со луксузната бања за начинот на којшто те третира“;
„Кога ќе престанеш да ја понижуваш женава?“;
„Сè уште не си ја преболел бившата, па најде некоја што личи исто како неа“ – стои во дел од коментарите.
Прочитајте и Ја уверил дека е кралица, па не смее да зборува со „обичните смртници“ - Бизарните правила што Канје ѝ ги нaметнува на сопругата
Б. С. Б. | Црнобело