Ја уверил дека е кралица, па не смее да зборува со „обичните смртници“ - Бизарните правила што Канје ѝ ги нaметнува на сопругата
- Детали
- среда, 11 октомври 2023
„Бјанка за ништо повеќе не размислува сама и едноставно е потчинета на контроверзниот рапер, затоа што ја убедил дека тие се кралска двојка“ – тврдат извори блиски до Канје Вест и неговата сопруга Бјанка. Кои бизарни правила мора таа да ги почитува за да се однесува како „кралица“?
Благодарение на своите бизарни аутфити, со кои честопати ги прекршуваа законските правила за пристојно однесување во Италија, Канје Вест (46) и неговата сопруга Бјанка Сенсори (28) се топ тема во голем број светски медиуми.
Според блиски извори до парот, главната цел на Канје е да ја претвори новата сопруга во нова радикална верзија на Ким Кардашијан, а таа слепо му верува.
„Канје сака да ја претвори Бјанка во радикализирана верзија на Ким, и да биде како Ким 2.0.
Разликата е во тоа што кога Ким беше со него, тој уживаше почит во модната индустрија, а денес никој повеќе не го почитува“.
Раперот, кој набрзо по разводот со Ким Кардашијан стапи во брак со Австралијанката Бјанка, имал листа на бизарни правила до кои неговата сопруга мора да се придржува.
Според Daily Mail, Канје успеал да ја убеди Бјанка дека е „кралица“ и дека таа мора да се придржува до точно одреден протокол и правила на однесување.
„Бјанка за ништо повеќе не размислува сама и едноставно е потчинета на контроверзниот рапер, затоа што ја убедил дека тие се кралска двојка“ – пишува медиумот.
До кои правила мора да се придржува Бјанка?
1. Таа никогаш не смее да зборува во јавност;
2. Смее да го носи само тоа што тој ќе ѝ дозволи да го носи;
3. Смее да јаде само храна што е одобрена од страна на Канје;
4. Мора да вежба секој ден, иако Канје не вежба;
5. Треба строго да се придржува до протоколот што тој ѝ го наметнува.
Инаку, и претходно Ким призна дека Канје многу влијаел врз нејзините модни избори и дека често се случувало да ја натера да се пресоблече ако сметал дека таа покажува премногу.
Според дизајнери со кои соработувал, Канје има тим дизајнери што деноноќно работат за него и во еден ден можат да го направат аутфитот што тој го замислил.
Бјанка претходно работела како дизајнерка во компанијата на Канје, по што тој ја повикал да дојде да работи директно за него.
Оттогаш па наваму, пријателите велат дека таа ги прекинала сите контакти со надворешниот свет и одбива да ги послуша пријателите што ја советуваат да се тргне од неговото влијание.
Б. С. Б. | Црнобело