8 дена се бореле за нејзиниот живот: Детали за самоубиството на актерката која го обвини Жерар Депардје за сексуално насилство
- Детали
- четврток, 14 декември 2023
Тврдеше дека кога имала само 19 години, Жерар Депардје ѝ ја протнал раката под здолништето за да ја смири додека снимале, а француската јавност остана во шок откако е објавено дека таа почина на истиот ден кога беше објавено нејзиното сведоштво против актерот. Што знаеме за трагичната смрт на француската актерка Емануел Девер?
Актерката Емануел Девер (60) во Франција е најпозната по тоа што беше првата жена што јавно го обвини актерот Жерар Депардје за сексуално насилство, и е само една од 13-те жртви што јавно зборувале за злоупотребата што ја претрпеле од него.
Но, француската јавност остана потресена, откако во сите медиуми беше објавена веста дека актерката починала, и тоа на денот кога на француска телевизија бил емитуван документарен филм со истрага за обвинувањата против познатиот актер, кој се прослави со улогата во филмовите Asterix & Obelix.
Емануел Девер беше позната актерка во 80-тите години на минатиот век, а во последните години живееше повлечен живот.
Таа тврдеше дека во 1982-ра година, кога имала само 19 години, била сексуално нападната од нејзиниот 14 години повозрасен колега додека заедно го снимале филмот Danton. Таа детално опишуваше што се случувало додека заедно снимале една сцена во кочија:
„Ова чудовиште си дозволи себеси да ужива многу за време на снимањето на филмот, а го искористи моментот додека снимавме во кочија и никој не нѐ гледаше.
Ја протна неговата дебела рака под моето здолниште, за, со негови зборови ‘да направи јас да се чувствувам подобро’... Јас не дозволив тоа да се случи“.
Но, истиот ден кога цела Франција имаше можност да ја слушне нејзината страна на приказната, Емануел трагично го заврши животот.
Според пишувањата во француските медиуми, неколку дена претходно, на 29-ти ноември, партнерот на актерката се јавил во полиција и соопштил дека таа си заминала од дома, откако оставила загрижувачка порака.
По ова започнала потрагата по Емануел, која ја воделе за исчезната личност, сѐ до моментот додека полицијата не добила дојава дека една жена скокнала во реката Сена од мост.
Екипата на противпожарната служба ја спасила и ѝ била укажана прва помош и реанимација, по што била пренесена во болница, но им подлегнала на повредите 8 дена подоцна – на 7-ми декември.
Инаку, вкупно 13 жени досега јавно го обвиниле актерот за сексуално вознемирување. Емануел беше меѓу првите што јавно прозборе за хоророт што го претрпела кога била речиси девојче.
Прочитајте и „Ги допирал за задникот и меѓу нозете“ – 13 млади жени го обвинуваат Жерар Депардје (74) за сексуално малтретирање
Б. С. Б. | Црнобело