10 светски ѕвезди кои стареат природно: Никогаш не направиле пластична операција и не жалат за тоа
- Детали
- сабота, 16 декември 2023
Клаудија Шифер никогаш не користела агресивни методи за да го задржи младешкиот изглед на своето лице и вели дека повеќе се плаши од ботоксот отколку од брчките. Кои познати дами одлучија да стареат природно?
Многу жени по 40-тата година почнуваат да ставаат ботокс или филери за лицето да им делува младешко и без брчки.
Но, трендот се менува, па последниве години и жените кои се во 30-тите ставаат ботокс за да ги скријат брчките.
И покрај тоа, многу светски ѕвезди не кријат дека се против пластичните операции и ботоксот и дека уживаат во процесот на природно стареење.
Кои се светските ѕвезди кои никогаш не отишле „под нож“ и се гордеат со својот природен изглед, без оглед на годините?
Ким Катрал
Ким еднаш пробала ботокс на челото но тврди дека никогаш не би го повторила, бидејќи тоа било ужасно искуство.
Таа е и против пластичните операции бидејќи се плаши од „нож“, па вели дека сака да старее природно.
Мерил Стрип
Актерката е против пластичните операции и тврди дека желбата на некои актерки да изгледаат помладо е смешна, оти по неколку операции веќе не личат на себе.
Џулија Робертс
Популарната актерка вели дека ѝ е криво што многу жени го смениле личниот опис во желбата да останат вечно млади.
Ема Томпсон
Според Ема Томпсон пластичните операции се чиста глупост, особено кога младите луѓе сакаат „со време“ да го коригираат својот изглед.
Кејт Бекинсејл
Актерката тврди дека планира да старее природно, без пластични операции.