Нови фотки од Бијонсе, по обвинувањата дека ја белела кожата
- Детали
- петок, 01 декември 2023
Бијонсе го промени имиџот, па одлучи да ја офарба косата платинесто руса, но ова не им се допадна на некои од нејзините обожаватели, кои тврдат дека пејачката се труди да си ја осветли кожата. Во нејзина одбрана застана мајка ѝ, Тина Ноулс, која се пресмета со „хејтерите“ на Инстаграм.
Пејачката Бијонсе ја промени бојата на косата во платинесто руса, па објави повеќе фотографии на Инстаграм на кои позира во две различни комбинации, но според нејзините следбеници, косата не е единственото нешто што го осветлила.
Тие коментираат дека пејачката има премногу блед тен и дека е многу веројатно оти била и на третман за осветлување на кожата.
„Бијонсе е во Мајкл Џексон ера“;
„Пред неколку години позираше со Тејлор Свифт, па сигурно се почувствувала премногу темно и инфериорно, па затоа одлучила да стане побела од неа“;
„Што ѝ се случило со кожата, дали била на осветлување?“ – стои во дел од коментарите.
Инаку, мајка ѝ на Бијонсе, Тина Ноулс одлучи да се пресмета со сите што оставаат расистички и зајадливи коментари под фотките на нејзината ќерка, па на Инстаграм ја сподели фотографијата од својата ќерка и до неа напиша:
„Ја видов денес објавата и одлучив да ја споделам откако ги видов сите глупави, неуки и расистички коментари за неа, дека ја осветлила кожата и дека носи платинесто руса коса затоа што сака да биде бела.
Таа снима филм, кој се нарекува ренесанса и целата тема е сребрена со сребрена коса, сребрен килим и ѝ предложив сребрен аутфит, а вие кловнови од тоа сфативте дека таа сака да биде бела жена и ја осветлува кожата?
Колку е тажно тоа што некои од нејзиниот народ го продолжуваат глупавиот наратив со омраза и љубомора“ – напиша таа меѓу другото.
Бијонсе, вчера (30.11) се појави на премиерата на нејзиниот филм Renaissance, а на настанот носеше смел црн фустан со шлиц што целосно ѝ ја откри долната облека.
Таа гордо позираше со нејзината ќерка Блу Ајви, со која беа модно усогласени.