Принцот Хари мизерен на концерт на Бијонсе, додека Меган Маркл танцува – го проверува телефонот, стои со рацете во џебови (фото)
- Детали
- понеделник, 04 септември 2023
На фотки од концерт на Бијонсе од се гледа како Меган Маркл енергично танцува, додека принцот Хари изгледа мизерно покрај неа. На повеќето фотки Хари стои со рацете во џебовите, а во еден миг си го извади и телефонот.
Моментално Бијонсе е на светска турнеја, а во петокот (01.09) имаше концерт во Лос Анџелес.
Помеѓу илјадниците фанови, на концертот присуствуваа и принцот Хари и Меган Маркл.
Но, додека Меган танцуваше и се забавуваше , принцот Хари изгледаше како да му е навистина здодевно.
На фотки направени од фановите во публиката, се гледа Меган со светкаво здолниште и бела маичка.
Актерката пее, ракоплеска и танцува, додека до неа стои мизерниот Хари.
Принцот носеше сако, маичка и бели панталони и стоеше до Меган со рацете во џебовите.
Во еден миг, дури и го извади телефонот додека сите околу него танцуваа. На фотките изгледа и како потполно да ја игнорира Меган.
Фотките беа споделени и на Твитер, каде што твитерџиите ја искористија можноста и да се пошегуваат на сметка на Хари:
„Хари на концертот на Бијонсе изгледа како да го држат како заложник“.
„Хари е најмизерниот маж кој некогаш бил на концерт на Бијонсе“.
„Хари изгледа како секој дечко/сопруг кој бил натеран да оди на концерт на Бијонсе“.
Други, пак, истакнуваат дека принцот се соочува со многу проблеми, па нормално е што не изгледа најсреќно.
Имено, покрај тоа што немаат финансиска помош од кралското семејство, Меган и Хари останаа без неколку договори, вклучувајќи го и оној со Spotify.
Без овие договори за документарци, поткасти и слично, парот изгуби милиони.
Покрај тоа, неодамна британските медиуми почна да шпекулираат дека бракот на Меган и Хари е во криза, наводно поради финансиските проблеми со кои се соочуваат.
Некои извори тврдеа дека извесен период биле разделени, но дека сепак не планирале да се разведуваат.
Единствено, си давале простор за полесно да ги решат проблемите.
Тој период Хари беше и во Африка, додека Меган остана во САД.
Прочитајте повеќе: Хари ќе „бега“ во Африка за да се одмори од Меган – Кралскиот пар се разделува, но не се разведува
Сепак, оттогаш, парот беше фотографиран неколкупати заедно и други извори тврдат дека помеѓу нив сè е во ред.
Спирова С. | Црнобело