Хари ќе „бега“ во Африка за да се одмори од Меган – Кралскиот пар се разделува, но не се разведува
- Детали
- среда, 19 јули 2023
„Тие се надеваат дека тоа што ќе се разделат на различни континенти ќе им помогне да го најдат тоа што им треба за да продолжат понатаму“ – велат извори блиски до Меган и Хари и тврдат дека парот ќе се раздели затоа што не може да се справи со стресот заради финансиските проблеми со кои се соочува.
Во последниот период сѐ погласни се гласините дека принцот Хари (38) и Меган Маркл (41) се соочуваат со криза во бракот.
Според дел од светските медиуми, тие двајца во моментов се разделени со цел да се пронајдат себеси и да најдат начин да ја спасат својата врска.
Page Six повикувајќи се на сопствени извори, пишува дека иако парот во моментов е разделен, сепак, тие немаат намера да се разведат.
„Тие двајца се трудат да разберат што им се случува. Хари не се вклопува во чудниот холивудски свет на Меган“ – велат блиски извори до парот и тврдат дека принцот во моментов бара начин да „се пронајде себеси“.
Принцот Хари во моментов планира да оди во Африка сосема сам каде ќе работи на нов документарен филм за Нетфликс.
„Во Африка Хари се чувствува свој на своето и го смета континентот за свој ‘втор дом’“ – пишува Radar Online.
Кризата во односите на Меган и Хари потекнува од тоа што по откажувањето од кралските титули, парот има проблеми да го одржи својот живот на висока нога.
Трошоците за одржувањето на нивниот дом во Монтесито, Калифорнија кој вреди околу 14 милиони долари и трошоците за да платат обезбедување им предизвикуваат дополнителен стрес.
„Стресот заради финансиите, заедно со нивните емотивни проблеми, им го направи животот пекол. Тие се надеваат дека тоа што ќе се разделат на различни континенти ќе им помогне да го најдат тоа што им треба за да продолжат понатаму“ – велат извори блиски до парот.
Според странските медиуми, капката што ја прелеала чашата во односот меѓу Меган и Хари е нивниот пропаднат договор за подкаст на Spotify.
Гласините се дека Хари предложил интервјуа со Доналд Трамп, Марк Закерберг, Владимир Путин и папата Франциск, што воопшто не им се допаднало на извршните директори.
Всушност Бил Симонс, еден од извршните директори на платформата, ги нарекол Меган и Хари „измамници“.
Од друга страна, на Хари не му се допаѓа и тоа што Меган се обидува сосема сама да изгради свој бренд и да заработи милиони, што значи дека парот во моментов се наоѓа на раскрсница и имаат целосно различни визии за сопствената професионална иднина.
Б. С. Б. | Црнобело