„Со толкав стомак нема шанси Тревис да не знаел дека е бремена“ – Кортни Кардашијан критикувана за првите труднички фотки
- Детали
- понеделник, 19 јуни 2023
„Погледнете го стомакот – сакате да ми кажете дека тој не знаел дека таа е бремена?“ – стои во еден од коментарите до првите фотографии што Кортни Кардашијан ги објави од својот труднички стомак. Фановите сметаат дека со толкав стомак Кортни сигурно не можела да ја скрие бременоста.
Во петокот Кортни Кардашијан (44) ја изненади јавноста кога со транспарент на кој пишуваше: „Тревис бремена сум!“, му соопшти на сопругот дека ќе станат родители, 10 месеци откако парот и официјално се откажа од ин-витро постапката за вештачко оплодување.
Кортни Кардашијан објави уште неколку фотографии од вечерта кога му открила на нејзиниот сопруг Тревис Баркер (47) дека е бремена, а многумина коментираат дека нема шанси тапанарот да не знаел дека ќе стане татко, заради тоа што нејзиниот стомак е значително поголем.
На фотографиите се гледа како Тревис ѝ го бакнува трудничкиот стомак, го допира со палици и како таа го пишува транспарентот што го држеше во публиката.
„Погледнете го стомакот – сакаш да ми кажеш дека тој не знаел дека таа е бремена?“ , „Нема шанси тој да не знаел претходно дека жена му е бремена, изгледа како да е во четврти месец“, „Значи нѐ излажа? Тоа беше само евтин маркетинг трик, како да веруваме дека Тревис не знаел дека си бремена“ – стои во дел од коментарите до фотографиите.
По големиот број коментари на социјалните мрежи се огласи и бившата сопруга на Тревис, Шана Моаклер која рече дека е мошне возбудена за Тревис и Кортни.
„Знаев уште пред неколку недели, ова не е ништо ново за мене“ – напиша таа во одговор на коментарите и со тоа потврди дека парот знаел за убавите вести но криел од јавноста.