На 15 години била силувана, откако мајка ѝ ја продала, го изневерила првиот сопруг ноќта пред свадбата - Факти за Деми Мур
На возраст од 20 години Деми ја добила првата поголема филмска улога во филмот Blame It on Rio, што се снимал во Бразил.
Ова бил првпат Деми да биде надвор од САД, а вели дека токму таму почнала да консумира опојни супстанции – зависност со која ќе мора да се справи подоцна.
Во 1985-та година пред да го снима филмот St. Elmo’s Fire, режисерот и продуцентите на филмот ѝ наредиле да се пријави во клиника за рехабилитација за да се ослободи од зависноста од алкохол и опојни супстанции.
Таа ја завршила 30-дневната програма во 15 дена, а продуцентите обезбедиле до неа да има стручно лице што ќе ѝ помага 24/7 за целиот период на снимањето на филмот.
Истата година, Деми се развела од својот прв сопруг, а две години подоцна се омажила за Брус Вилис, по бурна романса која траела само 4 месеци.
Парот заедно доби 3 ќерки, а актерката откри дека по раѓањето на второто дете станала вистински зависник за вежбање, затоа што сакала телото да ѝ биде во топ форма.
Потоа, опсесијата за вежбање само ќе се зголеми со добивањето на најплатената улога во нејзината кариера во филмот Striptease, а таа откри дека во тој период веќе имала и целосно нарушување на исхраната.
Наутро јадела само по малку овесна каша, а целиот ден го поминувала со протеини и зеленчук.
По разводот со Брус Вилис, Деми стапи во брак со 15 години помладиот Ештон Кучер, а отворено зборуваше дека прифаќала секс во тројка за да му покаже дека е кул и забавна.
Кога имала 42 години, Деми останала бремена од Ештон Кучер, но во шестиот месец од бременоста тие двајца го загубиле бебето. Откако тие двајца се разделија во 2011-та година актерката станала повторно зависна од таблети за смирување и алкохол, по што трите ќерки и Брус Вилис престанале да комуницираат со неа.
Но, овојпат Деми сама била свесна дека треба нешто да промени и сама се пријавила на рехабилитација, па потоа постепено почнала да го поправа односот со ќерките.
Денес Деми има 60 години, веќе стана баба, а сѐ уште важи за една од најубавите жени што пленат со природната убавина.
Б. С. Б. | Црнобело