Деми Мур е бикини божица во Грција на речиси 60 години: „Ние жените сакаме да бидеме секси и кога старееме“

Пред да го покаже совршеното тело на јахта во Грција, Деми Мур откри дека неколку месеци пред 60-тиот роденден се чувствува поживо и послободно од кога било, а истакнува и дека само затоа што некоја жена е на одредена возраст, не значи дека не сака да се чувствува секси и привлечно.

demi-mur-e-bikini-bozhica-vo-grcija-na-rechisi-60-godini-nie-zhenite-sakame-da-bideme-seksi-i-koga-stareeme-01.jpg

Викендов Деми Мур го покажа совршеното тело, додека уживаше на јахта во Грција со група пријатели.

59-годишната актерка носеше розови бикини и уживаше во сончевиот ден со сончање и читање.

demi-mur-e-bikini-bozhica-vo-grcija-na-rechisi-60-godini-nie-zhenite-sakame-da-bideme-seksi-i-koga-stareeme-13.jpg

Од папарацо фотките е очигледно дека времето застанало за актерката која изгледа подобро од кога било и не е оптеретена за малку целулит и висната кожа по телото, кои се сосема нормални, а таа си ги носи гордо.

demi-mur-e-bikini-bozhica-vo-grcija-na-rechisi-60-godini-nie-zhenite-sakame-da-bideme-seksi-i-koga-stareeme-03.jpg

demi-mur-e-bikini-bozhica-vo-grcija-na-rechisi-60-godini-nie-zhenite-sakame-da-bideme-seksi-i-koga-stareeme-08.jpg

Деми и самата сподели фотка на Инстаграм, на која позира со истите бикини, во комбинација со жолта кошула.

Во описот, актерката напишала: „Го впивам летото“.

На објавата, Деми доби комплимент и од сопругата на бившиот сопруг Брус Вилис – Ема Вилис:

„И изгледа добро на тебе!“

demi-mur-e-bikini-bozhica-vo-grcija-na-rechisi-60-godini-nie-zhenite-sakame-da-bideme-seksi-i-koga-stareeme-05.jpg

На почетокот на летото, актерката се пофали дека вдомила кученце, кое беше со неа и на јахтата.

Станува збор за чивава која актерката ја крстила Пилаф.

demi-mur-e-bikini-bozhica-vo-grcija-na-rechisi-60-godini-nie-zhenite-sakame-da-bideme-seksi-i-koga-stareeme-04.jpg

Неодамна, во интервју за People, Деми Мур прозборе за возраста и за тоа како се чувствува пред 60-тиот роденден кој ќе го прослави во ноември.

demi-mur-e-bikini-bozhica-vo-grcija-na-rechisi-60-godini-nie-zhenite-sakame-da-bideme-seksi-i-koga-stareeme-09.jpg

Во интервјуто, актерката открива и дека ќе дизајнира бикини за жени на нејзина возраст, со цел да ги прекрши застарените правила за тоа што треба, а што не треба да носат жените на одредена возраст.

„Со ова ќе ја променам идејата дека ние жените стануваме помалку привлечни како што старееме. Не сакаме да изгледаме како старици или да не се чувствуваме секси“.

demi-mur-e-bikini-bozhica-vo-grcija-na-rechisi-60-godini-nie-zhenite-sakame-da-bideme-seksi-i-koga-stareeme-10.jpg

Актерката вели дека откако ја прифатила својата возраст, се чувствува многу послободна.

„Не сум дефинирана според број, туку според моето искуство. Како што ќе наполните 59, почнувате да мислите ’Па, ќе наполнам и 60‘. Ова може да биде ослободувачко.

Кога помислувам на баба ми на 60-годишна возраст, на некој начин изгледаше како да се чувствува старо. Но, јас се чувствувам поживо и поприсутно од кога било“.

demi-mur-e-bikini-bozhica-vo-grcija-na-rechisi-60-godini-nie-zhenite-sakame-da-bideme-seksi-i-koga-stareeme-07.jpg

Деми Мур прозборе и за нејзината слава, истакнувајќи дека и по толку многу години, уште ѝ е чудно што ја нарекуваат „икона“.

„Да го слушнеш тој збор за себе е надреално искуство. Се чувствувам поласкано, но и како тоа да не сум јас, но сепак ми се допаѓа.

Според мене, икона е личност која изодела некој пат и направила нешто што ги трогнало луѓето или имало позитивно влијание. Кога ќе го земам ова предвид, навистина сум горда што ме ставаат во таа категорија“.

demi-mur-e-bikini-bozhica-vo-grcija-na-rechisi-60-godini-nie-zhenite-sakame-da-bideme-seksi-i-koga-stareeme-06.jpg

Кoга станува збор за нејзиниот стил, Деми вели дека сака да се дотерува, но секогаш ѝ дава предност на удобната облека.

„Ја ценам модата. Но, уште се чувствувам како мало дете, во срцето сум како 12-годишно момче кое само сака да му биде удобно и да носи широка облека.

Кoга сум во Ајдахо (нејзиниот дом) генерално носам комбинезони цел ден, секој ден“.

demi-mur-e-bikini-bozhica-vo-grcija-na-rechisi-60-godini-nie-zhenite-sakame-da-bideme-seksi-i-koga-stareeme-12.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На јахта со мажите на нејзиниот живот – Згодната сопруга на Лео Меси на одмор со фудбалерот и трите ... Прегрнати фотки со сопругот по костими за капење, но и фотки од совршеното семеј...
Селена Гомез, Кејт Винслет – Познати дами кои гордо ги носат несовршеностите и вишокот килограми Откако сите светски медиуми објавија дека Лејди Гага е бремена, таа излезе и им ...
Милионерот Џанлука Ваки ја изненади свршеницата за роденденот - Бели рози на полноќ за саканата „Кога двајца луѓе првпат ќе се сретнат, тие се избираат еден со друг во првите 3...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg