Добра вест по лошата дијагноза – најстарата ќерка на Брус Вилис и Деми Мур е бремена: „Ќе бидам откачена баба“

Најстарата ќерка на Брус Вилис и Деми Мур го очекува првото дете, а бременоста дефинтивно е светла точка во нејзиното семејство, по дијагнозата со афазија на актерот кој веќе ги чувствувал сериозните симптоми од болеста.

dobra-vest-po-loshata-dijagnoza-najstarata-kjerka-na-brus-vilis-i-demi-mur-e-bremena-kje-bidam-otkachena-baba-01.jpg

По дијагнозата со афазија, семејството на Брус Вилис сподели дека се надева на божиќно чудо, а изгледа дека сега го добија токму тоа – актерот ќе стане дедо.

Најстарата ќерка на Брус Вилис и Деми Мур – Румер Вилис – откри дека го очекува првото дете со момчето Дерек Ричард Томас.

dobra-vest-po-loshata-dijagnoza-najstarata-kjerka-na-brus-vilis-i-demi-mur-e-bremena-kje-bidam-otkachena-baba-07.jpg

Парот ги сподели убавите вести со објава на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Rumer Glenn Willis (@rumerwillis)

На една од фотографиите се гледа силуетата на Румер која веќе е во поодмината бременоста, а на останатите две нејзиниот дечко ѝ го прегрнува и бакнува стомакот.

dobra-vest-po-loshata-dijagnoza-najstarata-kjerka-na-brus-vilis-i-demi-mur-e-bremena-kje-bidam-otkachena-baba-03.jpg

dobra-vest-po-loshata-dijagnoza-najstarata-kjerka-na-brus-vilis-i-demi-mur-e-bremena-kje-bidam-otkachena-baba-04.jpg

Не е познато во кој месец е 34-годишната Румер, а ова ќе биде првото внуче на Брус Вилис и Деми Мур кои заедно имаат три ќерки.

dobra-vest-po-loshata-dijagnoza-najstarata-kjerka-na-brus-vilis-i-demi-mur-e-bremena-kje-bidam-otkachena-baba-06.jpg

Нормално, и Деми Мур се пофали на Инстаграм за убавите вести, со истите фотки што ги сподели Румер.

„Влегувам во ерата на откачена и ексцентрична баба“, стои во описот.

Изминативе неколку месеци се вистински предизвик за Брус Вилис и неговото семејство.

Покрај тоа што актерот се повлече од неговата кариера, извори блиски до него споделуваат дека состојбата постојано му се влошува и веќе ги чувствува сериозните симптоми од болеста.

Но, бременоста на Румер дефинитивно ќе им даде повод за прослава во овие тешки мигови.

dobra-vest-po-loshata-dijagnoza-najstarata-kjerka-na-brus-vilis-i-demi-mur-e-bremena-kje-bidam-otkachena-baba-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард... Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg