Состојбата му се влошува, го користат секој миг со него и се молат за чудо - Брус Вилис со бившата сопруга Деми Мур и ќерката
- Детали
- четврток, 08 декември 2022
„На сите им недостасува стариот Брус. Со оглед на тоа што божиќните празници се приближуваат сè што можат да направат е да му кажат дека го сакаат и да се молат за чудо“ – пишуваат странските медиуми и додаваат дека состојбата на познатиот актер е значително влошена.
Годинава, во март, беше откриено дека познатиот холивудски актер Брус Вилис (67) страда од афазија, пореметување што влијае врз неговата способност за говор и разбирање на јазичната комуникација.
Светските медиуми пишуваат дека состојбата на актерот во последните неколку месеци е влошена и тој комуницира само со помош на неговата сегашна сопруга Ема Хеминг, а Деми Мур е постојано тука за да му помогне на поранешниот сопруг.
„Знаат дека тој нема да биде секогаш тука. Затоа се трудат да го искористат секој миг со него“ – пишува Radar Online и додава дека Деми е постојано тука за него, а ако не е во негова близина, тогаш му се јавува на телефон за тој да може да го слушне нејзиниот глас.
Во моментов Брус Вилис е на неговиот имот во Ајдахо каде заедно со семејството ќе ги прослават празниците.
Според најновите информации холивудскиот актер не зборува многу и тешко разбира што сакаат другите да му кажат, па неговата сопруга Ема треба да зборува за него.
„На сите им недостасува стариот Брус. Со оглед на тоа што божиќните празници се приближуваат сè што можат да направат е да му кажат дека го сакаат и да се молат за чудо“ – пишува Radar online.
За потсетување Брус Вилис и Деми Мур беа во брак од 1987-ма година до 2000-та година, а заедно имаат три ќерки: Румор, Талула и Скаут. Во 2009-та година актерот стапи во брак со Ема и заедно добија уште две ќерки Мејбел и Евелин.
Прочитајте и Ретко појавување на Брус Вилис по дијагнозата – тренерот го бодри да се движи, сопругата го набљудува од дворот
Б. С. Б. | Црнобело