Ретко појавување на Брус Вилис по дијагнозата – тренерот го бодри да се движи, сопругата го набљудува од дворот
- Детали
- вторник, 07 јуни 2022
По дијагнозата афазија – болест што ја нарушува способноста за комуницирање – Брус Вилис се повлече од јавноста, но сега беше забележан во неговото соседство како пешачи со личниот тренер, а потоа и како сам си купува сладолед. Што значи, добрите вести се дека актерот уште е во одлична форма.
Неодамна јавноста дозна дека Брус Вилис има афазија – сериозно нарушување кое има влијание врз способноста за зборување, пишување, па дури и разбирање на мајчиниот јазик.
Тој и неговото семејство соопштија дека актерот ќе се пензионира бидејќи нарушувањето веќе му го отежнува глумењето и последните неколку филмови му биле особено тешки за снимање.
За ова нарушување уште не постои лек, но и покрај дијагнозата, актерот се обидува да се одржи во форма.
Пред неколку денови тој беше забележан во јавност можеби само вторпат откако ги соопшти тажните вести кон крајот на март.
Актерот шеташе низ улиците на Лос Анџелес, а со него беше неговиот личен тренер кој го бодреше да продолжи да се движи.
Актерот беше во лежерно издание, а во едната рака држеше и цвет.
Набрзо потоа, Брус Вилис уште еднаш се појави во јавност во неговото соседство во Лос Анџелес.
Овојпат носеше фармерки со кошула и беше сам, додека неговата сопруга Ема стоеше на тротоарот пред нивната куќа и го набљудуваше.
По некое време, актерот си купи и сладолед.
Нормално, фановите се пресреќни што актерот се појави во јавност, и тоа без придружба, бидејќи ова значи дека уште е во добра форма.
Спирова С. | Црнобело